Реклама
Кафе муабет

Хрватскиот Buro247: „Многу кул концепт на плоштад во Скопје“

Реклама

Текстот е превземен од хрватскиот портал за мода Buro247 …

Населбата Жданец во главниот град на Македонија ќе блесне во едно сосема необично издание кое е резултат на неговиот концептуален зачетник, архитектот Игор Василевски. Исто така моливчињата, штипките, спајалиците и столните лампи со огромни димензии ќе станат клупи, бандери и држачи за велосипеди.

Маркетинг

„Urban Square” е проект на македонскиот архитект Игор Василевски кој малиот плоштад во скопската населба Жданец ќе го претвори во многу модерен, иновативен и единствен простор обоен со разигран дух, обременет со силни бои и за контекст на јавен плоштад преполн со необични елементи. Наместо класични клупи, улични светилки, невпечатливи метални држачи за велосипеди и помали седечки елементи Игор Василевски плоштадот Жданец, кој се протега на 500 квадратни метри, го замисли во облик на неприродно големи моливи, гигантски спајалици, столни лампи и штипки кои имаат улога да имитираат јавен градски простор со типични елементи.

Маркетинг

Многу кул концепт на плоштад во Скопје, пишува buro247.

Според зборовите на архитектот, плоштадот е замислен како урбано јадро со естетски промислена средина каде луѓето ќе можат да се собираат, да муабетат, да се опуштат и да уживаат во панорамата на нивниот град Скопје. Покрај тоа, на плоштадот треба да се наоѓа и пано кое треба да послужи како платно за сите заинтересирани креативци и за нивните уметнички идеи. Реализација на овој концепт е планирана за почетокот на април оваа година, пренесе еден од најпознатите портали за мода во регионот buro247.hr.

Имено, архитектот Игор Василевски од Креативниот тим на Општина Карпош, смисли оригинално решение за сквер (мало плоштатче на околу 500 квадратни метри). Според Карпош, скверот за жителите на Жданец ќе има релаксирачка, но и инспиративна функција.

Па, дали ви се допаѓа оваа идеја?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button