Новости

Хрватската актерка ја напушти кариерата и се замонаши – одеднаш ми стана сè јасно, ги добив сите одговори

Тоа беше ненадеен, неочекуван момент. Срeдбата со Бог се случи како блесок – апсолутна, непречена љубов што одеднаш се влеа во мене и ми даде одговори на сите прашања што ме мачеа.

Advertisement

Некогаш позната актерка со блескава кариера пред себе, Едита Мајиќ, пред неколку години донесе радикална одлука – целосно да се повлече од јавниот живот и да му се посвети на духовниот.

принтскрин јутјуб

Таа стана калуѓерка во самостанот „Св. Јосиф“ во шпанскиот град Авила, каде што живеево потполна посветеност на верата.

Advertisement

– Тоа беше ненадеен, неочекуван момент. Срeдбата со Бог се случи како блесок – апсолутна, непречена љубов што одеднаш се влеа во мене и ми даде одговори на сите прашања што ме мачеа – изјави Мајиќ уште во 2003 година, опишувајќи го својот внатрешен пресврт.

принтскрин јутјуб

Нејзината одлука ја изненади хрватската јавност  – актерка која до вчера беше на сцена, преку ноќ се одрече од сè и тргна по патот на духовноста. Новата реалност што ја прифати била драстично различна од гламурот на уметничкиот свет – живот без греење и топла вода, постојан пост, молитви и спиење на кревети од слама.

Во едно ретко интервју, таа објасни дека била длабоко разочарана од површноста на секојдневниот живот:

Advertisement

Ако животот е само ова надворешното, овие неколку години кои треба да ги живееме што поубаво, а потоа нè снемува – телото ни се распаѓа во некој студен гроб… тогаш навистина е подобро и да не постоиме. Во тој период на преиспитување го почувствував повикот – духовен, длабок и неодолив – рече Едита.

Според отец Винко Мамиќ, постојат два вида монашки живот: еден е заеднички, во манастир или општожитие со други монаси, а вториот – оној што го одбрала сестра Едита – е анахоретски, осаменички начин на живот.

Според информациите што ги имаме од хрватските медиуми, таа живее во потполна самотија, на шумска чистинка во Шпанија. Ваквото повлекување најчесто се прави од желба за поголема духовна блискост со Бога.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button