Диети

Најдобра храна за топење на масните наслаги

Реклама
Реклама

Овие намирници ќе ви помогнат да се ослободите од масните наслаги и да ја зголемите мускулната маса.

За да имате добро здравје и витка линија треба да имате соодветна исхрана заснована на балансиран внес на овошје, зеленчук, јаглехидрати, протеини и маснотии.

Маркетинг

Храната која се состои од протеини има клучна улога во слабеењето бидејќи организмот троши повеќе енергија во текот на разградувањето на протеините. Правилната исхрана подразбира и внесување на маснотии во умерени количини, бидејќи доколку не ги внесуваме организмот ќе ги чува залихите на масти и никако нема да можеме да се ослободиме од нив.

1. Јајца

Маркетинг

Јајцата се класичен извор на протеини, многу се хранливи и достапни по прифатливи цени кои нема да ви го преоптоварат буџетот.

2. Лосос

Одличен извор на омега 3 масни киселини, но содржи и околу 20 гр. протеини на 100 грама.

3. Бобинки

Уживајте во вкусот на омилените бобинки и обезбедете му на организмот голема доза на антиоксиданси кои штитат од рак и други болести.

4. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови го снабдуваат организмот со незаситени маснотии кои имаат многу поволно дејство на здравјето. Изберете си од широката понуда: лешници, бадеми, ореви…

5. Црвено месо

Одличен извор на протеини кој позитивно делува на изградбата на мускулите. Црвеното месо содржи витамин Б12, цинк, креатин и омега 3 масни киселини.

6. Брокула

Брокулата помага во губењето на вишокот килограми, богата е со влакна кои се раствораат, а содржи многу малку калории. Исто така содржи и фитохемикалии кои делуваат превентивно во појавата на разни заболувања.

7. Овесни снегулки

Овесните снегулки делуваат многу позитивно врз здравјето, а посебно ако имате проблем со повишен холестерол. Содржат многу корисни хранливи материи и обезбедуваат долго чувство на ситост, поради што се одлични за слабеење.

8. Мисиркино месо

Во 100 гр. мисиркино месо има само 4,5 грама заситени масти.

9. Спанаќ

Многу алкална намирница која ја спречува загубата на мускулна маса, и го штити организмот од некои видови на рак и болести на срцето

10. Вода

Мускулната маса во телото се гради многу тешко доколку не се внесува доволно вода. Исто така, водата помага во заздравувањето на мускулите по вежбањето.

Извор: stvarukusa.rs

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button