Во нашата исхрана постојат намирници кои за да бидат разградени потребно е да потрошиме повеќе калории отколку што внесуваме со нив, па затоа тие се нарекуваат и „негативни калории“.
На пример доколку изедете парче торта што содржи 360 калории, организмот за да го разгради парчето торта ќе потроши 100 калории, а останатите 250 ќе се наталожат во организмот.
Од друга страна, доколку изедете јаболко кое содржи 65 калории, на оргаизмот му треба околу 100 калории за да го разгради, што значи дека телото ќе мора од своите залихи да потроши дополнителни 35 калории, па така резултатот е слабеење.
Еве кои намирници ќе ви помогнат полесно да ослабите:
Целер
Овој зеленчук има само шест калории, а за да се разгради му се потребни 50 калории, па така согорува дополнителни 40 калории од масните наслаги.
Патлиџан
Патлиџанот има 24 калории, а за да се разгради му требаат 60, што значи дека со патлиџаните согорувате дополнителни 36 калории.
Брокули
100 грама свежи брокули имаат 25 калории, а за да се разградат потребни им се околу 80 калории, што значи дека согоруваат 55 калории.
Шампињони
100 грама шампињони содржат околу 18 калории, додека за да се разградат потребни им се 55 калории, што значи дека користат дополнителни 37 калории од масните наслаги.
Покрај овие намирници, за симнување на масните наслаги се препорачува и шпаргла, репка, зелје, моркови, чили пиперчиња, краставици, бел лук, кромид, боровница, лимун, портокали, ананас, јагоди, мандарини, зелена салата, брусници…