Според едно истражување направено во 2017 година, луѓето кои често јадат брза храна имаат 51% поголеми шанси да развијат некој облик на депресија, во споредба со оние кои не јадат хамбургери, хот дог или пица. Еве кои намирници би требало да ги избегнувате со цел да ги намалите шансите за намалување на депресија.
Намирници богати со натриум
Голема количина натриум може да го поремети вашиот нервен систем, што може да биде поврзано со депресија, а исто така може негативно да влијае на вашиот имунитет и да предизвика умор.
Рафиниран шеќер
Рафинираниот шеќер го пореметува нивото на глукоза во крвта и ја црпи сета ваша енергија, менувајќи ви го расположението, при што води кон неправилен сон.
Рафинирани житарици
Бел ориз, паста, пецива… ова се намирници кои се поврзуваат со воспалителни процеси во телото и можат да бидат поврзани со депресија.