Реклама
Култура[тор]

ХОТЕЛ НИ НА ЗЕМЈА НИ НА НЕБО: Претстава која сигнализира, одредува и задолжува

Реклама

 

 

За претставата „Хотел ни на земја ни на небо“ од E.E. Шмит, во режија на Лупчо Ѓеорѓиевски,  а во продукција на Народниот театар од Штип, сезона 2015 година.
          

Маркетинг

 

Маркетинг

Мислам дека нема да погрешиме ако во освртот кон претставата „Хотел ни на небо ни на земја“ појдеме од природата на човековата мисла. Најдобро би било ако за тоа побараме помош од човекот кој како што вели проф. Темков ја напиша химната на етиката, Емануел Кант.  Основните човекови карактеристики за Кант се: Добрината, етичкото однесување  и обврските. Ете тие се во основата на човековото размислување. Но, во нивното објаснување би било добро ако појдеме од  целосно прифатениот, но и од многумина оспоруван,  категоричeни принцип. Преку што се објаснува  ова морално барање и инспирација?  Па преку човековите императиви. Според Кант има три вида содржини на човечките императиви. Првите произлегуваат од техниката-работењето, вторите се поврзани со животните дејства и мудроста и третите се оние кои се непосредно етички. Проф. Темков во објаснувањето на содржините ќе напише: „Првите се дејства од некоја струка , или служат за некоја работна цел ( тие се добри  ако е објаснето бараното дејство и ако со придржувањето  доведуваат до успех во работата, инаку може да се случи пропаѓање на акцијата , или имотот) . Вторите се поука за постигнување лична среќа во животот, се однесуваат на здравјето, на меѓусебните зафати, на разните дејствија и авантуристички потфати…Само третите се вистински етички принципи – тие немаат посебно истакната цел, моралноto  дејство се бара директно.“ 
         

 

Од ова заклучуваме дека станува збор за императиви кои можеме да ги окарактеризираме (првите два) како правила и совети, а третиот како морална заповед.  Императривот кој е поврзан со работењето и резултатите од него, како и оној кој е поврзан со егзистенцијата и мудроста се условни  зашто мораат да се исполнат некакви  задолженија  за да се финишира преку потребното. Еклатантен пример за тоа се условите што ги пропиушува Еврипската Заедница за сите оние кои сакаат да бидат нејзини членки,односно за оное кои преку неа сакаат да дадат своевидна содржина на своето работење , односно животните позиции да ги доведат до резултат на мудри решенија. Тоа би изгледало вака: Нешто мора да биде направено за да извлечеш лична корист.  Таквите императиви уште се нарекуваат и хипотетички.  Третиот императив, кој е категоричен произлегува од изборот на дејствието кое може да стане морално начело за сите луѓе. Значи ако кај првите два се огледаше поединечното, личното задовослтво, кај категоричниот императив кој е резултат на слободната волја, на автонимијата во одлучувањето се огледа општото добро. Ова покажува дека еден човек може да биде добар , да прави добри дела само по сопствена волја, без надворешни налагања, притисоци, диктати, односно кога ќе биде во состојба човечкото во себе да го употребува како цел, а не како средство. Не може да се каже, иако е така, дека човекот направил добро дело ако ги почитува правните, законските норми во една заедница зашто тој постапува по диктат однадвор. Доброто дело е резултат на слободната волја, на чистиот разум, на личната проценка на вредностите.
          

 

 

Ете мислам дека тоа е доволно да заклучиме врз кои параметри е изградено дејствието во пиесата на Еманулел Шмит. За Шмит светот е хипотетичен и конкретен. Истиот се подава преку ликовите кои произлегуваат од императиви чии содржини се бараат во техниката-работењето, животните дејства и мудроста како и моралната заповед. Светото помеѓу горе и доле е условен простор, односно решение кои произлегува од исполнувањето на одредени задолженија како и од приципите кои пак се резултат на моралното начело. Основните човекови карактеристики, доброто, етичкото однесување и обврските се огледаат преку ликовите во дејствието, односно преку нивните искази, што за себе, што за околината во која биле-живееле, што за односите со своите блиски, со луѓето воопшто.  Напишал ли Шмит моралите, или пак умно се извлекува од средновековната форма која може да ја симплифицира неговата уметничка креација. Според мене поаѓајќи од духовитите, смешните  и трагичните изјави, дејствија,  Шмит се приближува, или целосно навлегува во содржината која го наметнува конкретниот императив, однсоно која сигнализира, одредува и задолжува. Со секоја сценска појава и изјава на ликовите во дијалошка или монолошка форма,  Шмит ја потврдува точноста на етичкиот лозунг: Треба значи можам, или мораш значи можеш. Или јасно ни кажува дека:  не се излегува лесно од сопствената кожа, како што не се влегува лесно во туѓата, човекот е изложен на себе си, на своите согледби, разум мудрост, волјата, но и на она што му доаѓа однадвор. На еден во пиесата на Шмит, му доаѓаат однадвор парите, на друг обврските, должностите, на трет болеста итн. Но, на крајот двата света, сите три принципи , сите содржини се преточуваат во едно, во решението на илузионистот, на оној што најмногу стварност гледал во животот иако егзистирал преку лагата, обманата.

 

За сценските креативни впечатоци, за уметничкото доживување ќе појдеме по ред: Најнапред од  Лупчо Ѓерорѓевски, режисерот на претставата. Тој за сценската креација се користи со наметната хоизонтала во односите на ликовите од страната на авторот, но и вертикалата која пак произлегува од категоричкиот императив. Па токму во таа просторна и временска одреденост  ја  гради фигурално предметната композиција низ содржините  што јасно ја откриваат пораката на текстот низ звучните (дијалозите и мониолозите на актерите) и визуелните ефекти. Кај актерите во претставата  за издвојување е суптилната игра на Ефтим Трајчов, кој во целост и точно ја изнесе содржината на императивот, како вехеметната игра на Марија Минчева и сугестивната изјава на Милорад Ангелов која се заснова на промислената реч и точниот тон во артикулацијата. Сценската креација на Ангелов може да се зема и како потврда на отсекогаш потребниот и бараниот израз кој се заснова на сфаќањето на содржината, а не на нејзиното знаење кое помага само на голата интерпретација. Во претставата прилог кон можноста за создавање прилики за афектуирање на  публиката врз основ сценската содржина дадоа и Миле Вратеовски, кој во свој препознатлив манир ја извлече содржината од ликот како и Ангелка Зашкова  на која мислам дека и требаше појасна индикација во градењето на ликот од страната на режисерот, инаку таа располага со раскошна дарба за сценска интерпретација на зададените задачи. Со истата забелешка сум и за креацијата на Кристина Атанасова. Во претставата во ликовите на ангелите се појавија и Виктор Арев и Елена Шорова. Овој пат музичката илустрација на Нечак остана на позиција на обидот да биде тоа, додека костимите и сценографијата се јавија како резултат на првичниот прочит на текстот.
Претставата која ја носи Кантовата порака:  Етичкото има изворна смисла во животот на човекот е чин во сценскиот живот во Македонија кој треба да се доживее зашто може да се претвори, не во голем, ама во празниче кое може вечно да ве следи.

 

Пишува: м-р Трајче КАЦАРОВ

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button