Сценарио и Режија: Eli Roth
Улоги: Jay Hernandez, Derek Richardson, Eythor Gudjonsson, Jan Vlasak, Barbara Nadeljakova, Jana Kaderabkova
Способноста на продуцентската куќа Lions Gate Films да намириса одличен хорор и да го финансира истиот или откупи и промовира, го потврдија пофторно и во 2005 година со филмот “Hostel” , токако година дена претходно на љубителите на овој жанр им го подарија “Saw”.
Филмот го прави младиот Eli Roth на кого ова му е втор филм и кој е автор и на сценариото и режијата, под закрила и продуцентска палка на Q. Tarantino. ( Во овој период, Eli Roth може да го видите и во една од улогите во најновиот филм на Tarantino – “ Unglorious Bastards ” .)
„Хостел“ , заедно со „Пила“ дефинитивно беа големо ( и повеќе од потребно! ) освежување во жанрот на стравот и ужасот, кој повеќе од 10 години беше презаситен и загушен во темите со паранормалното, квази – мистика и слични ( веќе ) тривијалности. Ако „Пила“ постепено ви го дига адреналинот преку грубо шмирглање на вашиот интелект, “ Hostel ” тоа го прави директно глодајќи ѓи вашите нерви, создавајќи бура од напад на вашите сетила за перцепција и центри за обработка на податоци. Покрај бруталните деланија прикажани со врвна експлицитност и надополнети со извонредно реалните специјални ефекти и шминка ( ги прават Gregoty Nicotero и Howard Bregez, кои се познати по работата на серијалот “ Masters Of Horor “, а кој во изминатиов период можевте да го гледате на програмата на Сител ) , она што дефинитивно остава впечаток е фотографијата. Снимано и реализирано на начин кој остава траг на штурост и реализам, со карактеристики на видео продукција, со цел да ја приближи ситуацијата до самата кожа на гледачот и на моменти му направи да се осеќа како да гледа клипови на youtube. Сето тоа зачинето со една седативна зеленкаста топлина која неприметно се вовлекува во умот и ве прави да се осеќате како дел од дејствието на филмот.
На сето тоа секако големо влијание има и сторијата за тројца everyday момци кои ја крстарат западна европа во потрага по што подобра забава и хедонистичко искуство. Инспирирано од вистински настани што се случилево Словачка во втората половина на деведесетите, филмот ја следи приказната за двајцата американци Paxton и Josh и исланѓанецот Oli. Mоментот на раскажување започна во Амстердам каде што споменатите тројца трошат пари на ганџа и жени.Случајно доаѓаат до информација за еден хостел во близина на Братислава, каде што според кажувањата и фотките што ги гледаат, можат да го најдат рајот за кој секое потентно машко битие сонува да го оствари. Така, без размислување се качуваат на воз и го почнуваат нивното патешествие. Таму дефинитивно ќе го пронајдат она што го бараат, но за нивна жалост, во менито ќе бидат вклучени и елементи кои секако нема да бидат по нивна желба.
Филмот секако претставува понова лектира за обожавателите на хоророт кои сигурно ќе егзалтираат при гледањето. На жалост, исто така ќе се претвори и во шаблон кај ( пред сé ) американската Б продукција за снимање на редица филмови со слична содржина и употреба на физичко насилство ( но без никаков или беден стил ) за постигнување на ефект на страв кој ќе донесе доста пари. На таквото нешто придодава и самиот автор Eli Roth, кој веднаш по успехот на ова извонредно дело, ќе направи уште две продолженија кои што се тотален опозит по квалитет на оригиналов, односно тешки бљуотини. Сепак тоа е нешто за што не треба да размислувате, туку ако не сте го се уште погледнале “ Hostel “ , тоа да го сторите веднаш и искусите хорор кој доаѓа од употребата на физичко изживување, какво што не сме виделе од дамнешната 1974г. Во “ The Texas Chainsaw Massacre ” на Tobe Hooper.
{youtube}jYbaveZ0NYY{/youtube}