Во заглавен лифт прво ќе реагира бучниот Овен…
Во заглавен лифт прво ќе реагира бучниот Овен: „Што е ова?! Како заглавен лифт? Каков е овој начин?”, вика Овенот и веќе ’трпеливо’ тропа на вратата.
Се разбира, тука е Лавот, веднаш ’главен’ и во центар на вниманието: „Не грижете се! ЈАС ќе го средам ова. ЈАС сум главен и ќе ја преземам контролата. ЈАС ќе го решам сето ова!“
Шкорпијата никако не дозволува да биде втора: „Што ти, кој си ти воопшто? Зошто ти би го решавал ова? ЈАС ќе се справам со ситуацијава!“
Вагата прво ќе се обиде да го реши проблемот на мирен начин, но при тоа е постојано колеблива: „Па, немојте да се карате… Ајде ова да го решиме смирено. Да повикаме некого? Или да се обидеме сите да скокаме, па лифтот да почне да се движи…? А можеби, сепак, да почекаме? Не знам. Што да правиме, луѓе?!“
Близнакот веќе е подготвен за зборување и запознавање: „А кој сте вие? Од каде сте, тука од близина? Јас дојдов малку на гости…“ Веќе се запознал со сите и зборува како навиен.
Ракот е веќе во депресија, зборува на телефон…, со мама, се разбира!
Бикот: „Кога е веќе така, ајде нешто да к’снеме…“. Вади бонбони, газирани пијалоци, сендвичи и чоколадо од чантата.
Девицата, секогаш педантна: „Каде е метлата, каде е метлата… Правите трошки во лифтот!“
Стрелецот, склон кон авантури и веќе со спакувани куфери, одамна доцни на авионскиот лет далеку во странство…
Додека Лавот и Шкорпијата и натаму се караат, Јарецот се обидува да организира поправка на лифтот.
Водолијата ја отвора кутијата со струја, се обидува да ја среди инсталацијата и да ги спаси луѓето.
Рибата: Во аголот на лифтот, сама… „Боже, сето ова е судбина, сите ќе умреме!!!“
Tуристка на ’небесната палуба’ на кулата „Вилис“, Чикаго