Хороскоп

МЕЃУ НИВ ХЕМИЈАТА Е НАЈСИЛНА: 12 астролошки комбинации кај кои страста е неисцрпна, а љубовта фатална

Advertisement

Без оглед на тоа дали верувате во љубов на прв поглед или не, мора да признаете дека понекогаш постои ’она нешто’ што ги привлекува луѓето.

Advertisement

Да, за секоја успешна врска потребен е труд, трпение и разбирање на двата партнери, но понекогаш помеѓу две лица се јавува хемија која е невозможно да се игнорира.

Овен и Водолија

Кога се заедно, овие два знака фантастично се забавуваат.Водолијата и Овенот имаат ист авантуристички дух па затоа нивниот спој е совршен и в кревет и надвор од него.Уживаат во истражување и испробување нови нешта, особено ако го прават тоа како тим. Додека некои други комбинации може да се заситат од своите партнери или рутината да им уништи врската, Водолијата и Овенот секогаш ќе се одржуваат својата врска силна и интересна.

Advertisement

Бик и Рак

Припадниците на овие знаци целосносе разбираат. Кога ќе се најдат во романтична врска, многу брзо емоционално и физички се поврзуваат. И едниот и другиот знак знае да го цени својот партнер, па ќе ја изградат сврската со леснотија и уживање. Бикот е неверојатно истраен, што на Ракот му овозможува конечно да го спушти својот гард и да се препушти на уживање.

Близнаци и Водолија

Кога ќе се најдат во близина, овие два знака делуваат како да се познаваат со години.Креативноста и ’лудите’ идеи се одлика и на Водолијата и на Близнаците и во врската никогаш нема да им биде досадно.Ниту еден од овие два знака не се грижи премногу за мислењата на другите, ама уживаат во големо друштво.Затоа, максимално ќе уживаат и ќе ја искористат секоја секунда помината со партнерот, но исто така и во излегувањата на големи забави.Овие два знака имаат многу силна врска, без разлика дали тоа е љубов, пријателство или бизнис.

Рак и Риби

Меѓу нив владее космичка поврзаност.Овие водени знаци се многу емотивни и се грижат за своите блиски.Ќе направатсè за својот партнер и инстинктивно се разбираат меѓусебно. Оваа поврзаност е многу тешко да се раздвои, речиси е невозможно.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button