Ако имате блиска личност родена во знакот Девица, тогаш подгответе се за постојано критикување…

Кога ќе се земе предвид нивниот вроден перфекционизам, Девиците секаде наоѓаат мани. Тие едноставно живеат под стрес, а сè околу нив мора да биде совршено. Кога станува збор за другите, Девиците се навистина критички настроени, но истовремено се и строги кон себе. Познати се како ситничари и педантерии кои сакаат сите работи да им се под конец. Доколку некогаш им нанесете зло, бидете сигурни дека никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја можна прилика за да ве потсетат на неправдата која сте им ја направиле…
Исто така познати се по тоа што брзо се нервираат, а реакциите им се бурни. Големи злопамтила се и при конфликти знаат да ги ископаат и најмалите детали кои секој друг нормален човек би ги заборавил. Нивното паметење е фотографско и математички точно. Оваа голема логичка интелигенција ги доведува до конфликт со самите себеси и со нивните емоции. Кога ќе се сретне со нешто што нема логика и точност, Девицата го губи тлото под нозете и бара потпора.
Сепак, гледајте на светлата страна: Со нив СЕКОГАШ ќе знаете на што сте!