Иако се вели дека убавината е во окото на набљудувачот и дека зависи од низа критериуми, а често нема врска само со физичкиот изглед, сепак, некои хороскопски знаци убедливо водат по својата убавина и харизма.
Вага
Овој знак често се смета за најубав, а обично ги краси и вродена елеганција. Тие најчесто имаат симетрично лице, совршено обликувани усни, убави очи и слатки дупчиња на образите.
Скорпија
Скорпијата е препознатлива по своите нагласени црти на лицето и големите очи во некоја необична нијанса. Освен силниот поглед, се истакнуваат и по сензуалните усни, како и по прекрасната, густа коса. Обично се со витка градба, а ги краси и блескав тен, мека и негувана кожа.
Јарец
Припадниците на овој знак се познати по одличната и сексипилна фигура. Иако изгледот им е просечен и неутрален, тие се истакнуваат по нивните големи очи, најчесто во сина нијанса, како и со прекрасна и искрена насмевка. Обично сакаат да се дотеруваат, па убавата облека е она што ги издвојува од останатите знаци.