LIFESTYLEХороскоп

Еве зошто Стрелците и Овните се знаци кои најмногу изневеруваат

Advertisement

Ако ѝ верувате на астрологијата, тогаш задолжително проверете дали вашиот партнер е роден во некој од овие два хороскопски знаци, зашто се смета дека тие најмногу се склони кон изневерување.

ФОТО: bustle.com

Стрелец

Стрелецот е огнен знак кој не може да си го замисли животот без секс. Ќе направи прељуба, но не заради своите емоции, туку исклучиво водејќи се од своето либидо. Стрелците не гледаат на изневерувањето како на неморален чин, туку повеќе како на спорт кој едноставно мора да го практикуваат одвреме-навреме. Припадниците на овој знак обично водат грижа за својот физички изглед, а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.

Advertisement

Овен

Покрај Стрелецот, и Овенот се наоѓа на оваа листа. Имено, Овните се познати како страсни љубовници на кои од особено значење им е сексуалната енергија. Либидото им е воглавно поголем непријател одошто пријател, бидејќи многу често не се во состојба да го контролираат. Тие заради „пеперутките во стомакот“ лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го променат партнерот, особено ако новата љубов им пружа поголема возбуда во кревет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button