Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп – проверете што ви е запишано во ѕвездите

Реклама

Погледнете што ви порачуваат ѕвездите на поле на љубовта, работата и здравјето за период од 12 – 18 јули 2015 година.

Што ви носи неделата која е пред вас прочитајте во хороскопот на Штипка. Со еден клик проверете што ви е запишано во ѕвездите за наредниот период како и за тоа дали ќе ви се исполнат желбите и соништата. Секоја недела ве очекува нов хороскоп, додека пак, на крајот од месецот ве очекува месечниот хороскоп за наредниот месец. Проверете што ве очекува на деловен план, но и како да се решите од љубовните проблеми кои се пред вас.

Маркетинг

На нашата страни прочитајте дали Овните, Биковите и Лавовите ќе бидат погодени од стрелите на Амор или пак тоа периодов е резервирано само за Риби и Девици.

Со само еден клик ѕирнете во својата иднина и проверете што ве очекува и како да се носите со убавите, но и со предизвиците во неделата која што е пред вас. Ако пак сакате да го прочитате и големиот месечен хороскоп, кликнете тука.

Маркетинг

OВЕН

 

Неделен хороскоп за Овен

Љубов: Не така поволна недела за беќарите/момите и за брачните двојки, а поволна за оние веќе во врска. Пари: Убави можности за екстра пари, што со текот на времето ќе ви помогнат да ја зајакнете финансиската состојба долгорочно. Здравје: Без голема закана за здравјето. Сепак, преземете соодветни мерки за зголемување на имунитетот и издржливоста.

БИК

 

Неделен хороскоп за Бик

Љубов: Не заборавајте дека оваа неповолна фаза е минлива и дека подобри времиња допрва доаѓаат. Пари: Барајте и други начини да заработите повеќе пари. Ако имате некои врски во странство, добро време е да ги искористите. Здравје: Бидете екстра внимателни доколку имате шеќер во крвта. Долги прошетки навечер во комбинација со вежби за дишење може да бидат многу корисни.

 

БЛИЗНАЦИ

 

Неделен хороскоп за Близнаци

Љубов: Позитивен одговор ќе ги усреќи беќарите/момите. Рамнодушност во брачниот живот – треба да ја разгорите искрата со одење на одмор заедно. Пари: Позитивно влијание од планетите, но не трошете ги непотребно. Здравје: Дури и мали проблеми може да ја влошат состојбата. Прибегнете кон алтернативни лекови.

 

РАК

 

Неделен хороскоп за Рак

Љубов: Поволна недела за беќарите/момите, како и за брачните двојки. Оние во врска ќе размислуваат за брак. Пари: Безбедна недела за инвестирање на тешко заработените пари, но не впуштајте се во шпекулативни активности. Здравје: Добра општа здравствена состојба. Сепак, водете сметка за исхраната, спиењето…

 

ЛАВ

 

Неделен хороскоп за Лав

Љубов: Беќарите/момите ќе бидат заинтересирани повеќе за флерт, а оние во врската ќе размислуваат сериозно за брак. Пари: Претпазливо со финансиските трансакции, предупредува „Штипка“. Фокусирајте се на кратење на непотребни трошоци. Здравје: Избегнувајте зачинета храна во текот на доцните вечерни часови. Постои голема можност за неочекувани повреди – внимателно во кујната и при возење автомобил.

 

ДЕВИЦА

 

Неделен хороскоп за Девица

Љубов: Оние во врска ќе размислуваат за одредени проблеми со компатибилноста. Пари: Избегнете сомнителни активности и скратете ги непотребните трошоци. Здравје: Без сериозни здравствени проблеми. Дијабетичарите да бидат особено внимателни со храната со висока содржина на шеќер.

 

ВАГА

 

Неделен хороскоп за Вага

Љубов: Поволна недела и за беќарите/момите и за оние во брак. Пари: Неочекувани трошоци поврзани со семејството и куќата. Можно е да позајмите пари од роднини, но бидете сигурни дека ќе ги врати во првата прилика. Здравје: Можност од неочекувани повреди.

ШКОРПИЈА

 

Неделен хороскоп за Шкорпија

Љубов: И покрај неколкуте можности што тропаат на вратата, најверојатно ќе ги игнорирате бидејќи приоритет ќе има кариерата. Пари: Здрава финансиска состојба оваа недела. Децата може да претераат со своите барања, но не попуштајте им. Здравје: Ништо толку важно, освен неколку дена умерена треска. Подобро да се спречи отколку да се лечи.

 

СТРЕЛЕЦ

 

Неделен хороскоп за Стрелец

Љубов: Неповолна недела на љубовен план. Споделувањето на проблемите може да ја намали болката. Пари: Внимателно со финансиските трансакции. Не преземајте непотребни ризици. Трпеливо чекајте подобри времиња. Здравје: Дигестивни проблеми. Пијте повеќе вода. Откажете се од сите зависности.

ЈАРЕЦ

 

Неделен хороскоп за Јарец

Љубов: Пречки во развојот на односите. Разликите со брачниот другар може да се зголемат. Избегнувајте расправии. Пари: Планетите ќе ја подобрат финансиската состојба. Добри вести за вас на овој план. Трошоци поврзани со децата. Здравје: Проблеми, како болки во грлото или тешка забоболка. Крајно време е да се откажете од цигарите. Вежби за дишење во комбинација со медитација може да ви помогнат.

 

ВОДОЛИЈА

 

Неделен хороскоп за Водолија

Љубов: Планетите не се наклонети кон беќарите/момите. Сеуште може да сте огорчени од односот на сопружникот, што негативно влијае врз секојдневните активности. Пари: Работите ќе се движат како и обично – и приходите и расходите се повеќе или помалку на исто ниво. Треба да мислите на некој начин да заработите повеќе пари. Здравје: Добра општа здравствена состојба. Се разбира, средовечните и постарите не треба да ги занемаруваат лековите.

РИБИ

 

Неделен хороскоп за Риби

Љубов: Ќе играте на емоционалната карта со голема вештина. Сепак, не претерувајте за да не ја загрозите врската. Брачните двојки ќе одат на патување за повторно да ја разгорат искрата. Пари: Подобрување на финансиската состојба. Можни се и добивки, но не колку што очекувате. Здравје: Нема простор за голема вознемиреност. Меѓутоа, бидете будни за

 

Поврзано

Back to top button