Додека некои личности лесно се откажуваат од се’ постојат и такви кои никогаш не го прават тоа. Кога се во прашање овие вторите, астролозите сметаат дека тие личности најчесто се раѓаат во овие три хороскопски знаци, кои секогаш се борат до самиот крај.
Овен
Овните се родени лидери, а со самото тоа се и големи борци. Тоа го знаат личностите во нивното опкружување и затоа секогаш сметаат на нив. Овие личности ништо не оставаат за подоцна и се’ сакат да остварат уште веднаш. Сепак, астролозите им советуваат на овие личности подобро да размислат за своите постапки, зашто понекогаш ги повредуваат другите.
Скорпија
Иако тешко се дистанцираат другите и ги впиваат сите туѓи емоции, нивниот силен карактер им помага во тешките моменти да се охрабрат себеси, но и другите. Скорпиите се посебно добри говорници, а честопати знаат и да ги слушат другите и да го дадат потребниот совет, но и потребната утеха.
Јарец
Јарците се тврдоглави по природа и не се откажуваат од ништо, што понекогаш може да биде добро, но понекогаш и лошо и за нив и за другите. Позитивно е тоа што кон се’ пристапуваат со голема доза храброст и вложуваат многу труд во се’ што прават. Поради својата упорност, Јарците честопати се пример за луѓето околу нив.