Некои се поголеми авантуристи, некои не. Некои сакаат да патуваат и да дознаваат нови работи, додека пак други ја преферираат топлината на својот дом. Ако сте решиле да патувате, а барате партнер, тогаш најдобро е да изберете некој роден во овие хороскопски знаци.
Јарец
Ако патувате со Јарец, дозволете му да го испланира целото патување. Тој ќе истражи сè за вашата дестинација и ќе биде како вистински туристички водач. Ќе ве одведе на најдобрите места и ќе најде време да посетите сè. Покрај тоа, ќе ве инспирира да направите безброј фотографии и да ги одберете вистинските сувенири.
Стрелец
Можеби мислите дека знаете што да очекувате на дестинацијата, но Стрелецот ќе ве одведе на места за кои не сте ни сонувале. Ќе откриете тајни локации за кои ни локалните жители не знаат. Со Стрелецот ќе се чувствувате како да сте на вистинско духовно патување. Кога ќе се вратите дома ќе бидете збунети, како вашиот дом да не е ваш. Дел од вашата душа засекогаш ќе остане во таа странска земја и секогаш ќе ве „моли“ да се вратите.