Иако никогаш не би го признале тоа, следниве хороскопски знаци се вистински нарциси. Едноставно, тие мислат дека се најдобри и секогаш себеси се ставаат во прв план…
Овен
Првиот хороскопски знак, Овенот, има многу предности, но и една огромна мана, односно, се смета за голем нарцис. Иако е добро да се сакаме себеси, сепак, припадниците на овој знак често претеруваат и одат толку далеку што себеси се гледаат како победници, најубави и најпосебни личности на светот.
Лав
Огнените Лавови се познати по својата егоцентричност и изгледа дека тоа не се обидуваат да го сокријат од другите. Тие се восхитуваат на самите себеси, обожаваат да бидат во центарот на вниманието и честопати сметаат дека знат најмногу. Обожаваат да слушаат дека другите зборуваат убаво за нив.