Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Хороскопски знаци кои најмногу се плашат од болести: Девицата е на прво место!

Реклама

Овие хороскопски знаци се склони кон тоа да измислуваат дијагнози, а сега во време на пандемијата, веруваме дека им е најтешко. Малку забава и смеа со хороскопот не може да ви штети! Еве кои хороскопски знаци најмногу се плашат од болести.

ФОТО: thoughtcatalog.com

1. Девица

Девицата е најголемиот хипохондар во Зодијакот. Најмногу ќе ја сретнете во здравствени домови и болници. Постојано одат на некои прегледи и си измислуваат болести. Во некои случаи тоа може да прерасе и во опсесија.

2. Јарец

На Јарците им е најтешко да излезат на крај со своите стравови, а еден од нив е и стравот од болест. Се’ е во ред додека сте здрави – најчесто ќе слушнете од личностите Јарци. Но, нивниот страв од болести е толку силен што не можат да се соочат со него, па избегнуваат доктори.

Маркетинг

3. Риби

Рибите се склони да измислуваат работи, имаат бујна фантазија и често го гледаат она што го нема. Така е и со болестите. Лесно паѓаат под влијание на паника, па во оваа епидемија на коронавирус наоѓаат причини зошто не можат да направат нешто.

4. Рак

За разлика од претходните хипохондрици, Раковите не размислуваат за болести се’ додека не се појави некоја сериозна здравствена пречка. Е тогаш настанува паника. Поради својата пречувствителност и склоност да ги замислуваат најлошите сценарија, хипохондријата ретко може да ги забиколи.

Маркетинг

5. Вага

Вагите не се паничари кога е во прашање здравјето, но здравствените пречки и склононост кон измислување на болести им помага во нешто. Се работи за привлекување внимание. Погледни ме, помогни ми, биди со мене, сакај ме – болеста на Вагите им служи за тоа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button