Астролозите веруваат дека на повеќето луѓе уште на раѓањето им е одредено какво ќе им биде здравјето и колку долго ќе живеат. Ако верувате во нив, тогаш имајте предвид дека овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго.
Јарец
Во детството и младоста често се разболуваат, но со текот на годините стекнуваат јаик имунитет и понатаму речеси немаат никакви здравствени проблеми. Со вистинскиот начин на живот, Јарците со годините може да станат поенергични од кога било и да ја доживеат 100-тата година без проблем.
Лав
Личностите родени во овој хороскопски знак имаат силен дух, но и тело. Тајната на нивната долговечност е оптимизмот. Малку се грижат за здравјето, но тоа кај нив прави помалку да бидат нервозни, па со самото тоа имаат понизок ризик од опасни заболувања.
Скорпија
Припадниците на овој знак ретко се соочуваат со сериозни болести. Тие ретко настинуваат и имаат силен имунитет. Сепак, склони се кон лоши навики и пороци, па астролозите советуваат овие личности да водат поголема грижа за тоа, зашто на тој начин без проблем ќе ја доживеат 100-тата.