Реклама
Хороскоп

Хороскопот ви покажува кога ќе се вљубите

Реклама

Од анализата на наталното и соларното (хороскоп од година до година) може не само да се предвиди дали ќе се вљубите, туку и каков ќе биде квалитетот на самата врска.

horoskoplove1

Маркетинг

Оние години кога над првата астролошка куќа на личноста транзитираат Месечината, Венера, Јупитер или Марс, постои голема веројатност да запознаете некој и таа година да Ви биде важна на љубовен план.

Доколку над првата астролошка куќа се најдат Сонцето, Венера или Марс во хороскопот на жената, таа сигурно ќе влезе во некоја врска која ќе ú биде значајна најмалку година дена, ако не и подолго. Многу е важно дали сонцето е во конјункција со некоја планета, затоа што во хороскопот на жените, освен што го симболизира нивното его, го симболизира и мажот кој би можел да ú биде многу значаен. Ако па Сонцето е во Конјункција со Месечината или Венера, Јупитер, можни се силни емоции. Астероидот Карма во конјункција со Сонцето, Венера или Марс, ги нагласува можностите за кармичка врска.

horoskoplove2

Маркетинг

Марс во хороскопот на мажите во соларна година го опишува неговиот став во врската, кога станува збор за силен Марс (во Јарец, Овен или Скорпија), тој сигурно ќе се постави авторитативно.

Не е добро кога во соларот се нагласени 6-та, 8-ма или 12-та астролошка куќа или во 1-ва, 4-та, 7-ма или 8-ма се најдат Марс, Сатурн, Плутон. Во тој случај врската ќе биде прилично турбулентна и постои можност да дојде до раскинување.

horoskoplove3

Ако мажот има силен Марс (во 1-ва, 8-ма или 10-та куќа во Овен, Скорпија или Јарец), а жената слаб (во 2-ра, 4-та или 7-ма куќа во Бик, Рак или Вага), тие двајца не можат добро да се разберат. Таа секогаш од него ќе очекува повеќе отколку што тој може да ú пружи. Таа со ваквата поставеност на планетите е несигурна, постојано желна за внимание, а тој очекува партнерка која е нешто послаба од него како личност, но не и некого кого што постојано треба да го сваќа, разбира, разуверува, ги поднесува нејзините каприци, несигурност и нерешителност. Ако таа набргу не созрее како личност, тој бргу ќе го загуби трпението.

Кога двајца започнуваат врска, ако било Марс или Венера се во слаба позиција, жената ќе се обиде да доминира. Тоа е посебно нагласено доколку Венера е во огнен знак. Месечината во Скорпија, Јарец или Водолија на денот на започнување на врската може да донесе расправии, недоразбирања.

Не е добро врската да започнува на ден кога Сатурн или Марс прават конјункција со една од овие две планети во хороскопот на било кој партнер или на датумот на започнување на врската. На пример: зад нејзиниот Марс се најде Сатурн на датумот на започнување на врската, таа ќе има впечаток дека тој премногу сака да ја контролира. Ако нејзиниот Марс е над нејзиниот Сатурн, тој може да помисли дека тој не е добар љубовник или дека таа го доживува како таков.

horoskoplove6

Во време кога Марс е во транзиција или во соларна доминација кај мажот (во Овен, Скорпија или Јарец), тој ќе доминира во врската. Истото тоа се случува ако е силен и во соларниот хороскоп на жената.

Ако во солар имате конјункција на Венера и Марс, со сигурност ќе се вљубите. Ако и двете планети се во некој неутрален знак, на пример Стрелец или Лав, тоа е добро. Не е добро ако се на пример во Овен или Скорпија – ќе има многу недоверба, љубомора, страст. Доколку се во Девица, исто така ќе има расправии. Во Вага оваа конјункција носи романтични чувства, врска која не е стабилна, но која има шанси да успее. Ако конјункцијата е во Бик- страствена врска, ако е во Близнаци – склоност кон прељуба, расправии. Во Рак – мажот е слаб, неверен или непостојан, но многу заљубљив, во Девица оваа конјункција означува дека жената се чувствува запоставена, мажот може да биде ситничар, циник. Доколку е во Јарец, таа не е посебно среќна во оваа врска, но мажот ú импонира, во Водолија – и двајцата се склони кон прељуби, а пак во Риби – и двајцата се непостојани и романтични.   

horoskoplove5

Ако во соларот во кој сте ја започнале врската, подзнакот ви е во огнен знак, ќе бидете многу силно вљубени, во земски, врската може да потрае со многу толеранција, во воздушен – врска полна со промени и расправии, а во воден пак – тајна врска во која и двајцата ќе патат, а нема да бидат во состојба да разговараат за тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button