Водолија (20 јануари до 18 февруари)
Водолиите се неконвенционални љубовници кои делуваат повеќе опуштено отколку сексуално. Но, под тој изглед кој вели „ајде да бидеме пријатели“ се крие личност која е ентузијастична и имагинативна кога се работи за сексот. Покрај тоа што се лојални партнери, тие може да бидат малку емотивно дистанцирани кога се во сексуална врска. Тие се оригинални и иновативни и сакаат да испробуваат нови работи како начин да го направат сексот да биде интересен. Па, ако вие сте конзервативен тип кој не сака да експериментира можеби водолиите не се прав партнер за вас.
Најдобри партнери за секс: Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец
Риби (19 февруари до 20 март)
Со нивната сензуална и маѓепсничка природа, рибите немаат проблем да привлечат сексуални партнери. Тие се романтични и игриви и копнеат за сродна душа која ќе ја цени вредноста на љубовта пред сексот. Тие се екстремно сензуални, вреднувајќи музика, поезија или романтичен подарок како цвеќиња или миризлив парфем. Кога еднаш ќе им каже интуицијата дека ја пронашле правата романса, тие стануваат сексуално имагинативни љубовници кои живеат за да го задоволат нивниот партнер. Сепак, тие имаат многу кревка природа, па затоа избегнувајте повредливи или нечувствителни коментари кои ќе ја стопат интимноста која сте ја создале. Рибата љубовник ќе ве маѓепса сексуално и ќе ве наведува да му се враќате за повеќе магија.
Најдобри партнери за секс: Рак, Шкорпија, Риби, Бик, Девица, Јарец
Извор: Popara.mk