Лав (23 јули до 22 август)
Лавовите се страсни љубовници кои се ослонуваат на нивниот шарм и харизма да привлечат љубовник. Ако чувствуваат романтична хемија, тие можат да црпат од нивното моќно либидо. Тие се забавни, креативни и дарежливи во кревет, но очекувајте малку драма ако тие не се чувствуваат како центар на внимание. Поради нивното кревко его, потребни им се чести потврди за нивната величественост. Но, вреди, затоа што вие ќе уживате во нивната грижлива, заљубљива и страсна природа како и во нивните обиди да ве заведат со предигра која ќе трае цела вечер.
Најдобри партнери за секс: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија
Девица (23 август до 22 септември)
Девиците најчесто изгледаат слатки, невини и незаинтересирани за секс на прв поглед. Но не дозволувајте тоа да ве излаже затоа што тие можат да бидат многу сексуални и сензуални, особено кога се чувствуваат сигурно. Тие мораат да најдат баланс помеѓу тоа да бидат задоволувачот и потребата работите да бидат совршени. Добрите вести се дека тие се гордеат за тоа што се добри во било која активност што ја практикуваат – и водењето љубов не е исклучок. Не барајте „фенси секс“ со нив, но тие можат да ви пружат добро дизајнирано и земјено искуство на водење љубов во кое ќе уживате. Тајната е да ги опуштите пред сексот со тоа што ќе ги допирате или ќе ги масирате.
Најдобри партнери за секс: Бик, Девица, Јарец, Рак, Шкорпија, Риби
Вага (23 септември до 22 октомври)
Вагата е еден од најсензуалните знаци на зодијакот. Тие ценат убави работи и се најчесто прилично префинети со одличен вкус и деликатен сензибилитет. Немојте никогаш да бидете груби со нив затоа што тоа ќе ги одврати. Затоа што се екстремно вербални и дружељубиви, тие се возбудуваат сексулано преку ментална стимулација и вербална предигра. Нивната сексуална страст доаѓа со флертување и заводлива игра. Вагите сензуално ги возбудува сé што им се допаѓа естетски: музика, уметност, мода, убавина и романтични ресторани. Тие го сакаат амбиентот на луксузно опкружување, и добро реагираат на предигра што вклучува свеќи, вербална стимулација и бавно допирање.
Најдобри партнери за секс: Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец
Шкорпија (23 октомври до 21 ноември)
Шкорпиите имаат добро заслужена репутација дека се заводливи, страсни и многу сексуални кога се вистински внесени во врска. Тие знаат да бидат интензивни и многу еротични, често малку перверзни затоа што ништо не им е вон репертоарот кога станува збор за нивните страсни желби. Затоа што најчесто не сакаат секс без обврски, на нив им е потребно да осетат длабока емотивна поврзаност пред да станат навистина интимни. Често има голема доза на драма и конфликт во нивните сексуални врски поради нивната посесивна природа и потребата за моќ и контрола. Очекувајте да ве поседуваат како
сродна душа – не само како партнер за во кревет.
Најдобри партнери за секс: Рак, Шкорпија, Риби, Бик, Девица, Јарец
Стрелец (22 ноември до 21 декември)
Стрелците се Петар Пан на зодијакот. Тие се талкачи и барачи кои сакаат да флертуваат, се шармантни, заљубљиви и интелектуално интересни. Секс е нивната идеа за добро поминато време. Очекувајте да бидат разиграни, авантуристи и да не се плашат да пробаат нешто ново. На нив им е често здодевно, па затоа им е потребна спонтаност и разноликост во нивните секс животи. Тие се забавни и голема среќа е да се биде со нив. Тајната да ги освоите е да избегнувате да бидете посесивни или да ја ограничувате нивната слобода.
Најдобри партнери за секс: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија
Јарец (22 декември до 19 јануари)
Јарците, покрај нивната конзервативна природа, имаат добро заслужена репутација дека се еден од најсексуалните и најсензуални знаци на зодијакот. Не барајте од нив да сакаат јавно покажување на љубов. Но, зад затворени врати, тие можат да бидат страсни со голем сексуален апетит. Тие се ориентирани кон цели и може да пробаат да ве импресионираат за да го добијат вашето срце и либидо. Јарците се трпеливи и уживаат во додворување и заведување на нивната љубовна симпатија. Како љубовници, тие имаат голема сексуална кондиција и обожаваат да задоволуваат и да бидат задоволени.
Најдобри партнери за секс: Бик, Девица, Јарец, Рак, Шкорпија, Риби
Премини на следната страна >>