Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Хороскопот и косата: Која нијанса најдобро му прилега на вашиот хороскопски знак?

Реклама

Според астрологијата, еве која боја на коса му одговара на вашиот хороскопски знак.

ФОТО: eviemagazine.com

Овен

Малку ладни по природа, на жените Овни им одговараат кафеави нијанси, црвенкаста коса во комбинација со боб фризура или плави прамени.

Бик

Силни и бестрашни – на овие жени најдобро им одговараат сите нијанси на црвена коса, но и црна и плава кои имаат црвенкаст сјај.

Маркетинг

Близнаци

Веселите жени Близнаци сакаат прамени во боја на ванила и светли нијанси на кафеава боја, кои секогаш ги прават млади и ведри.

Рак

Жените родени во овој знак сакаат плава и светло кафеава коса, која им одговара на нивниот отпол каратер.

Маркетинг

Лав

Овие симпатични жени сакаат да бидат во центарот на вниманието, а најчесто избираат кафеава коса со топли прамени околу лицето.

Девица

Девиците сакаат да го имаат секој детаљ под контрола, а тука се вбројува и нивната коса. Плави прамени, како и светло кафеави се нивниот најчест избор.

Вага

Опуштени и смирени, Вагите сакаат плава коса, со сиви прамени или пак чоколадно кафеава која секогаш изгледа негувано.

Скорпија

Заводливите и мистични жени во овој знак сакаат кафеави и црни нијанси кои најдобро го истакнуваат нивното лице, а не обожаваат премногу да експериментираат.

Стрелец

Авантуристички настроените и секогаш оптимистични Стрелци сакаат да испробуваат нови работи, а нивната коса честопати е во ведри, светли нијанси. Сакаат плава боја, а одлично им стои и црвенкаста и портокалова.

Јарец

Жените Јарци се сериозни и амбициозни, па сакаат нивната коса да изгледа скапо и луксузно. Богатите кафеави нијанси и плавите прамени се идеални за овие жени.

Водолија

Водолиите себеси може да си дозволат различни фризури, но и бои. Коса во две нијанси за нив не е ништо необично, па затоа може да ги видите и со виолетови, сини или зелени прамени. Ако одлучат да се држат до класичната плава или црно боја, сигурно „монотонијата“ ќе ја разбијат со некоја кул фризура.

Риби

Рибите се креативни, мистични и често фантазираат, па одлично им одговараат бои кои ја нагласуваат нивната внатрешност. Нежни плави нијанси, сивкасти прамени или нежно портокалова боја одлично им одговараат на овие жени.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button