Некој сака слатки, а некој секогаш се одлучува за солени грицкалки. Дознајте го вкусот на секој хороскопски знак.
Овен
Овенот сака зачини, како што е чили, сос за скара, бел лук. Брзо знае да го загуби својот интерес, па најдобро му одговара оброк од повеќе намирници или неколку видови салати.
Бик
Родените во знакот Бик навистина уживаат во добра храна, особено ако станува збор за бифтек, но не одбиваат и десерт од чоколадо.
Близнаци
Близнаците не се многу прибирливи. Сакаат да испробуваат новитети и обожаваат интернационална кујна.
Рак
Бидејќи Раковите се врзани за домот и традицијата, ним најдобро им одговара традиционалната домашна кујна.
Лав
Лавовите се љубители на раскошни, обилни оброци. На нивната маса секогаш треба да се најде и кавијар со старо и добро вино.
Девица
Овој знак најмногу сака да ужива во здрава храна. Тие добро го познаваат видот и потеклото на храната.
Вага
Вагата е знак кој сака слатки. Бара хармонија и рамнотежа во вкусовите. Омилено јадење им се пиперките, а на крајот задолжително бараат десерт од тропско овошје.
Скорпија
Скорпиите имаат интензивен однос кон храната. Тие се малку поприбирливи и сакаат богати вкусови. Од пазар задолжително се враќаат со печурки, магдонос, но и црно вино.
Стрелец
Стрелците се светски патници кои уживаат во егзотична храна. Секогаш се подготвени да пробат нешто ново и сакаат меѓународна кујна. Особено им одговараат мароканските специјалитети.
Јарец
Јарците се држат до традиционалната кујна. Не се љубители на алкохолот, а ако веќе мора да се одлучат за вино, најмногу сакаат црно вино со високо ниво на танин.
Водолија
Водолиите уживаат во групни вечер, односно, уживаат кога семејството ќе се собере заедно на масата. Сакаат да пробат нешто ново, но не се особено прибирливи.
Риби
Рибите најмногу сакаат морски специјалитети. Тие се еден од најкреативните хороскопски знаци и затоа сакаат во своите чинии да видат вистинска уметност.