Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Овенот бара функционалност, Бикот удобност: Хороскопот го открива стилот на уредување на вашиот дом

Реклама

Астрологијата може многу да ви помогне во тоа да ја изразите својата личност преку самиот ентериер…

Овен – функционалност

Во вашиот животен простор сите работи мора да бидат добро распоредени и лесно достапни. Немате трпение за многу детали.

Бик – удобност

Креветот ви е најважниот предмет во вашиот дом. Квалитетот е на прво место, но исто така избирајте природни материјали кои создаваат пријатна и опуштена атмосфера.

Маркетинг

Близнаци – комуникација

На Близнаците комуникацијата им е на прво место, па ним им е неопходен модерен и мултифункционален мебел. Во тој случај би требало да ставите квалитетни и естетски интересни ѕидни полици.

Рак – семејството

Раковите го украсуваат целиот ѕид или ходникот со сопствени и фотографии од своето семејство, како и со некои спомени од минатото. Бидејќи се чувствителни, тие предмети им значат многу повеќе отколку кое било модерно парче мебел.

Маркетинг

Лав – луксуз

Вистинските претставници на овој хороскопски знак секогаш си го дозволуваат најдоброто што можат. Секогаш гордо ќе ја надополнат својата колекција од брендиран мебел со некое ново и атрактивно парче. За нив идеални се топлите бои.

Девица – ред и функционалност

Девиците се најпознати по нивниот ред и дисциплина, што се гледа на нивните полици во куќата. Тие ќе го искористат и најмалиот простор, но никогаш нема да чуват нешто што нема своја функција.

Вага – декор

Естетиката им е особено важна на Вагите, па тие се трудат да го декорираат својот простор со работи кои го одразуваат нивниот стил. Избегнуваат половни работи, а нивниот дом е налик на уметничка галерија.

Скорпија – приватност

Скорпиите најдобро е да користат мирни и потемни бои. Приватноста им е особено важна, па важните работи со задоволство ги чуваат во фиоките. Многу се поврзуваат со предметите, па добро е понекогаш да направат селекција и да се ослободат од оние коишто не им се потребни.

Стрелец – прилагодливост

Стрелците умеат да се затрупат со многу предмети кои ги потсетуваат на убави моменти од минатото, па затоа одвреме-навреме е добро да се организираат подобро и да се ослободат од работите кои повеќе не им се потребни.

Јарец – традиција

За Јарците традицијата е клучна работа во животот. Тие го декорираат својот дом со одбрани предмети, а бидејќи практичноста е една од нивните најголеми карактеристики, тие треба да размислат за пренамена на некое парче мебел, пред да го продадат или да го фрлат.

Водолија – еклектичност

Водолиите се познати по своите еклектични црти и не обрнуваат многу внимание на правилата и насоките на дизајнирање, туку својот животен простор го уредуваат онака како што им одговара на нивниот вкус. Ним едноставно им се дозволени сите работи…

Риби – едноставност

На Рибите, како воден знак, најважна точка во куќата им е бањата, па поради тоа тие настојуваат тој дел од домот да изгледа што пораскошно и поудобно за престој. Склони се кон едноставно уредување кое е лесно за одржување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button