Мажите понекогаш прават многу чудни чекори, а за да ги разберете подобро, послужете се со астрологијата!
Овен
Овните сакаат да бараат причини за кавга и онаму каде што ги нема, а најчесто се посесивни и прават сцени пред другите.
Бик
На Биковите во љубовта најголем проблем им е љубомората. На крајот, секоја кавга со Бикот ќе заврши добро ако му признаете дека тој е во право, зашто секогаш се смета за најпаметен.
Близнаци
Близнаците никогаш не се задоволни. Тие се превртливи и најчесто свртени кон себе, а од друга страна постојано чекаат другите да се трудат околу нив.
Рак
Раковите лесно се навредуваат, а тешко простуваат. Најлошата работа е што можат да се навредат од речиси се’ што ќе им кажете. Тие се опседнати со мислењето на околината.
Лав
Лавот секогаш ќе пронајде оправдување за самиот себе. Припадниците на овој знак знаат да ја префрлат вината на другите, со цел тие да излезат подобри.
Девица
Девиците тешко може да ги задоволите. Тие секогаш се спремни на критики, а најлоши се кон нивните партнери. Тие се перфекционисти и во љубовта, па работите мора да бидат онака како што тие ги замислиле.
Вага
Вагите секогаш знаат најдобро и со нив тешко можете да знаете на што сте. Тие поради ситници може да го променат својот став и расположение.
Скорпија
Припадниците на овој знак не се постојани во љубовта и се склони кон флерт и афери. Склони се и кон манипулирање и лаги, за да дојдат до својата цел.
Стрелец
Стрелците секогаш себеси се ставаат на прво место. Иако се колнат на вечна љубов и верност, сепак, припадниците на овој знак честопати ги вртат работите само во своја корист.
Јарец
Јарците имаат големи очекувања од своите партнерки, а тоа им го даваат до знаење речиси во секој момент. Тие може да мислат едно, а да зборуваат нешто сосема друго.
Водолија
Водолиите не знаат што значи да се биде верен партнер. Тие толку се гордеат со својата индивидуалност, па покрај нив тешко некој се чувствува целосно сакан. Обожаваат да се инаетат, но и да глумат за да ги остварат своите цели.
Риби
Рибите ги кријат своите стравови така што вината ја префрлаат на другите. Свесни се за својата несебичност во љубовните односи, па страв им е дека нема да им биде возвратено во иста мера.