Како се однесуваат хороскопските знаци во близина на алкохол?
Вага
Симпатичните ваги често ќе ви кажат дека пијат од забава и дружељубивост. Вагата најмногу сака забава, флертување и запознавање нови луѓе. Кај нив, некои видови алкохол ја поттикнуваат подобрата, а кај некои полошата страна. Бидејќи се многу шармантни и без самоконтрола, вагите можат да флертуваат со сите во просторијата, а понекогаш знаат и на половина вечер да се онесвестат.
Скорпија
На скорпија никогаш не ѝ кажувајте дека и е доста, бидејќи ќе се навреди и тајно ќе продолжи да пие додека целосно не се опие. Тие сакаат да пијат, а ако тоа не ви одговара, подобро тргнете ѝ се од пред очи. Тие се одлично друштво за пиење, со нив ќе водите интересни разговори и ќе флертувате на посебен начин. Исто така, ќе се сеќаваат на сè што сте направиле, па затоа пијте само со скорпии што ве сакаат.
Сакате да испланирате совршена моминска вечер? Проверете што вели астрологијата за секој знак>>>
Стрелец
За нив важи поговорката In vino veritas (Во виното е вистината). Кога ќе се напијат, стрелците ќе ги кажат сите ваши, а и многу свои тајни. Доколку ова го тргнеме на страна, со стрелците е многу интересно да се пие. Во вој знак се родени голем број забавувачи, како Френк Синатра, Кит Ричардс и Ана Никол Смит. Стрелците се луѓе кои зборуваат со сите во просторијата, а знаат да го убедат цело друштво да направи некој нов и чуден подвиг.
Немојте да се зачудите ако во текот на пиењето со стрелец се најдете во некоја нова земја или барем на непозната локација во вашиот град.
Јарец
Најчесто јарците се практични, сакаат пари и општествен статус, па не е чудно што често не се на списокот за некоја луда забава. Сепак, ова е знакот во кој се родени Елвис Присли, Ени Ленокс и Дејвид Боуви, што кажува дека јарците сепак знаат да се забавуваат.
Тие се вистински рок ѕвезди, независни се, моќни и харизматични, а не сакаат премногу да им досадуваат на луѓето околу нив.
Водолија
Водолиите и алкохолот не одат едно со друго. Кога се пијани имаат чувство дека знаат сѐ, а доколку во таа состојба добијат некоја идеја, нема да се откажат по ниту една цена. Но, доколку приредуваат забава или организираат излегување, преокупирани се со детали од кои не се откажуваат до крај. Во овој случај тие се слатки и шармантни. Во голем број случаи, тие се грижат за оние кои навистина претерале со алкохолот.
Инаку, тие сакаат пијани луѓе и обожаваат да водат чудни разговори со нив.
Риби
Доколку сте родени во овој знак, веројатно веќе знаете дека го делите со некои најпознати зависници на сите времиња. Во знакот риби родени се Курт Кобејн, Елизабет Тејлор и Лајза Минели. Рибите не само што сакаат да отпатуваат во светот на соништата креиран со помош на алкохол, туку многу брзо и стекнуваат толеранција на него.
Хороскопот открива: кои мисли треба да ги следите за среќата да ви тропне на врата>>>
Од друга страна тие се одлични партнери, без разлика дали станува збор за обичен разговор или нешто навистина лошо. Со рибите можете да ја почнете вечерта со пијачка и да завршите во кревет со денови. Зборот „зависници“ може да се сфати на повеќе начини.