Реклама
Хороскоп

Како се однесуваат хороскопските знаци во близина на алкохол?

Реклама

Прочитајте како се однесува вашиот хороскопски знак кога е во близина на алкохол.

drink4

Овен

Маркетинг

Импулсивниот овен сака да се забавува и понекогаш не знае кога е доста. Неговиот натпреварувачки дух го тера да се забавува натпреварувајќи се со пријателите кој може повеќе да испие. Кога пијат тие се забавни и сакаат да флертуваат.

Кога доволно ќе се напијат, од нив можете да дознаете сè што сте сакале, а не сте можеле да го извлечете кога биле во трезна состојба. Сè лошо што ќе направат во пијана состојба, до утрото го сметаат за заборавено.

Маркетинг

 

Бик

Биковите сакаат да пијат мала количина алкохол и често доволно им е да се опијат. Кога навистина се пијани, тие се како вистинско стампедо. Често знаат да ја истурат пијачката по луѓето, а знаат и да се однесуваат невкусно со своите претпоставени. 

Кога се пијани сакаат да бидат во центар на вниманието, а во таа состојба најдобро е да се однесат на караоке забава. Со нив забавата е загарантирана.

Близнаци

Близнаците се забавни и можат да се опијат без премногу да го сменат својот вообичаен карактер. Дури и кога се пијани, близнаците се расположени за разговор, а вниманието често оди во некои други насоки. Понекогаш нема ни да сфатите дека се пијани. Способни се да флертуваат со неколку луѓе одеднаш, а во секоја рунда нарачуваат различен пијалак бидејќи едноличноста секогаш им е здодевна, дури и кога пијат.

pienje3

Рак

Тие се нежни души, кои најчесто пијат за утеха. Тие сакаат да се напијат некоја чаша вино по вечерата, а понекогаш и пет-шест пива по работниот ден. Тие се одлични кога треба да одат на тајни ВИП забави на кои не се поканети. Во вистински гламурозен стил, раковите никогаш не се целосно пијани, туку често се „уморни и емотивни“. Сепак, нема ништо позабавно од тоа да испиете шише црно вино со вашиот омилен пријател роден во знакот рак.

Весели очи и насмеано лице, витка градба и нежни црти – како да го препознаете секој хороскопски знак по физичкиот изглед>>>

Лав

Лавовите сакаат да пијат и да танцуваат, секако доколку се добри во танцување. Кога се пијани, стануваат мили и драги, но секогаш се свесни како се однесуваат. Ги знаат своите граници бидејќи се плашат да не ја изгубат контрола. Кога претеруваат со пиење, тогаш флертуваат, но никогаш не ја преминуваат границата. Утредента, обично се мамурни и се обидуваат да се извинат доколку направиле нешто лошо.

 

Девица

Девиците се познати како претерано чисти, па така нивниот карактер не им дозволува да се опуштаат со алкохолот. Тоа значи дека внимателно го одбираат пијалакот кој го пијат. Ретко губат контрола, но доколку ја изгубат, очекувајте спектакл.

Ова се најопасните хороскопски знаци – можат со месеци да коваат план за одмазда!>>>

Тогаш се забавни и сексапилни, благодарение на тоа што во пијана состојба помалку размислуваат и не се оптоваруваат со ситници.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button