Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 9 – 15 маj, 2016

Реклама

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Оваа седмица ќе биде важна за вас на финансиски план поради потребата за конкретни средби, разговори и активности поврзани со пари. Ќе организирате финансиски односи и обврски со машко лице. Ќе говорите за прашања поврзани со сегашни или идни плаќања, исплати за завршени услуги од ваша страна, како и за работа и обврски. Ќе добиете (или испратите) пари од машко лице. Конфликт ќе искрсне во вашиот дом или вашето семејство поврзан со женско лице. Можно е таа да ве предизвика со несовесни или намерни коментари, обвинувања, па дури и со закани. Вашето здравје или здравјето на некој близок ќе биде загрозено. Можно е лекување или терапија да ги компромитираат вашите планови или да биде премногу скапа во финансиска смисла. Само што не сте донеле тешка/значајна одлука во врска со вашата иднина.

Маркетинг

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Маркетинг

Разни настани, средби и разговори ќе ве однесат назад во сеќавањата поврзани со стара љубов. Некои од вас ќе ги размислуваат за пропуштените можности и грешки. Други ќе здивнат со воздишка на олеснување бидејќи сте избегале од повеќе проблеми во вашиот живот. За сите вас, ваквите настани од минатото ќе бидат различни, но поучни. Ќе има проблем во семејството со девојка или млада жена. Можни брачни проблеми во животот на ваша ќерка, внука, сестра… Трошоци ќе искрснат за дете или млад човек од вашето семејство, коишто ќе бидат формулирани со документ, договор… Оваа седмица може да примите или да испратите пари на младо лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Оваа седмица сте посветени на семејството или на брачните проблеми на лице од вашиот круг на пријатели, соседи или професионална средина. Ова ќе биде непријатно недела за оние од вас кои имаат афера. Ќе има изненадувања на вашето работно место што во повеќето случаи се однесуваат на нови или дополнителни обврски и одговорности. Постои голема веројатност да добиете пари, профит, награда, бонуси, нешто што ќе ви го зголеми буџетот. Ќе има многу возбуда во врска со момче или млад човек. Ќе имате причина да бидете среќни, но и причина да бидете исплашени или загрижени. Може да развиете интересни контакти со машко лице во знакот на Бик, Девица или Јарец.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Оваа седмица ќе мора да се справите со очекувани или неочекувани парични проблеми, финансиски документи, како и други обврски. Непријатна ситуација може да се случи со личност во знакот на Лав, Стрелец или Овен. Бидете внимателни како ги чувате вашите пари, банкарски картички, она што ветувате и кому нешто позајмувате. Непријатен настан може да се развие во врска со здравјето на некој близок. Најтешкиот дел ќе биде тоа што ова лице лице има сложен и избувливиот карактер и ќе ви биде тешко да помогнете без конфликт или тензија. Можна е разделба од различни причини со лица во знакот на Јарец, Бик или Девица. Мажите-Риби може да минат низ промени на работното место, може да отсуствуваат од работа од некоја причина, или да добијат уште една шанса во кариерата поврзана со претходна работа.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за мај, кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button