ЛЕТЕН ХОРОСКОП: Овие два знака ги очекува комплетен пресврт во текот на јули и август
Водолија
Оние припадници на овој знак кои се во врска ќе уживаат во јули оваа година во наклонетоста на саканото лице и дефинитивно ќе размислувате или за заеднички живот или за проширување на семејството! Не дозволувајте плановите и вашата идила да ги наруши некој од минатото со кого сè уште не сте завршиле сè! Идеален период за одмор е почетокот на септември, кога ќе ги завршите сите деловни обврски кои ова лето ќе ги имате и тоа многу!
Риби
Малку сте отсутни во последно време, зарем не? Не грижете се за тоа, бидејќи крајот на јуни веќе носи поволни аспекти! Во јули, ќе биде време да испланирате некој вид бегство, па затоа до тогаш прегледајте ги сите дестинации и резервирајте си го вашиот одмор. Не мора да биде далеку или екстравагантно, само да ви годи. Можна е фатална средба со огнен знак токму за време на вашиот одмор!