ЛЕТЕН ХОРОСКОП: Овие два знака ги очекува комплетен пресврт во текот на јули и август
Девица
Драги Девици, време е да прикочите и да се опуштите, бидејќи не мора секогаш да сте совршени и упатени, особено не овој јуни! Јули и август ќе ви бидат многу понаклонети, па сите важни одлуки сочувајте ги за тој период. Една Вага не ви дава мир, а вие ќе бидете во искушение по 15 јули да се запрашате дали е таа тука со причина!
Вага
Јуни е вистинско време за да се позабавите со својот љубовен живот! Ако долго време сте биле сами, сега опуштете се и дајте ὺ можност на личноста која во неколку наврати ги искажала своите искрени чувства. Во текот на јули се можни расправии со партнерот или повик од минатото, којшто ќе внесе немири во вашата дотогаш мирна врска.
Шкорпија
Време е да научите нешто од Близнаците и нивната енергија, особено во текот на ова лето. Не затворајте се во себе, дружете се и размислете дали конечно да кажете ДА на личноста која веќе подолго време ги искажува своите искрени чувства! Јули е вистинскиот месец да ставите крај на некоја поранешна љубов, ама и на работата, којашто повеќе не ги задоволува вашите потреби! Не плашете се ова лето да направите радикални промени во својот живот, бидејќи ја имате целосната поддршка на ѕвездите!
Премини на следната страна >>