ЛЕТЕН ХОРОСКОП: Овие два знака ги очекува комплетен пресврт во текот на јули и август
Близнаци
Иако јуни е ваш месец, во текот на овој период нема да завршите ништо важно. Поточно, вам летото ќе ви биде исклучиво за одмор, релаксација и собирање енергија за почетокот на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти! Кога љубовта е во прашање, август ви е наклонет, особено за слободните припадници на овој знак. Идеални врска за вас е Лавот, а во август може да имате прекрасни моменти заедно!
Рак
Летото пред вас е идеален период за помирување на минатото со сегашноста. Започнете веќе од средината на јуни полека да го чистите вашиот живот. На негативните луѓе, конечно, затворете им ја вратата и дајте ὺ можност на една личност која подолго време ја покажува својата наклонетост. Да, станува збор за Близнак или Шкорпија. Во август, не пропуштајте ја деловната можност која можеби ќе ви ја отвори вратата за странство!
Лав
Лавови, се знае дека сте посебни и дека летните месеци се совршени за вас. Светите во, речиси, секоја ситуација, но обидете се ова лето да го споделите тоа место со луѓето околу вас. Ако воопшто е можно, обидете се да се спротивставите на искушенијата и да бидете верни на вашиот сакан/а (ако припаѓаат на оние во врска). Слободните ќе имаат многу можности (и добри и помалку добри), така што ќе биде тешко да се одлучите. Половината на август ќе биде идеална за одмор кога некаде на морската шир ќе ги сумирате впечатоците од изминативе неколку месеци!
Премини на следната страна >>