Мајката за своите деца мора да биде и советник, учител, возач, РОДИТЕЛ. Некои мајки се модерни, додека пак некои се традиционални. На некои им е важна креативноста, додека пак некои мислат дека децата треба да бидат што повеќе независни. Во продолжение погледнете ја листата која почнува од најдобрите, па води до најкомплицираните мајки.

Риби
Рибата на своите деца ќе им ја всади љубовта кон уметноста и ќе ги охрабрува да бидат креативни. Мајката Риба своите деца ќе ги учи и на љубов, гордост, правда, но и на независност.
Овен
Мајката Овен ќе се држи до строгиот распоред на своите деца: Часови по клавир, спорт, дружење и семејни обврски. Таа ќе ги поттикнува своите деца да се соочат со предизвиците и да се борат за она во што веруваат.
Близнаци
Мајката Близнаци со своите деца може да разговара за се’, а многу често за секс и љубов и тоа уште од рана возраст. Нема никакви тајни пред своите деца, а имаат развиено комуникациски вештини, па свесни се што се случува во светот околу нив.
Јарец
Оваа мајка ќе се бори за своите деца и секогаш ќе биде до нив. Мајчинството го сфаќа доста сериозно, а на своите деца ќе им ги всади работните навики и ќе ги научи на дисциплина и фокусираност.
Бик
Мајката родена во овој знак има неверојатна трпеливост – толку што понекогаш може да ви се чини дека е светица. Не прави грешки, реална е и цврсто стои на земја. Таа ќе ги научи своите деца да ги почитуваат другите, но ќе им ја покаже и вредноста на парите.
Вага
Вагата е одлична мајка затоа што секогаш држи рамнотежа и е стабилна. Таа секогаш ќе го бара решението на проблемот на своето дете, а најважно ѝ е да ги научи децата да делат, да сочувствуваат и да бидат добри пријатели.
Рак
Мајката Рак знае да негува и да ги штити своите деца. Секогаш е тука за нив, да ги слуша и да им помогне да се чувствуваат подобро. Таа сака нејзиниот дом да биде место за љубов и утеха, каде што децата ќе можат да споделуваат се’.
Стрелец
Жената родена во овој знак има големо срце и сака со децата да го сподели цел свој свет. Таа сака кај своите деца да ја развие желбата за знаење, но и да ги научи да бидат независни. Можеби нема толку многу правила како и другите мајки, но тоа е затоа што сака децата да ја развиваат сопствената личност, а не да ја копираат неа.
Девица
Што и да е скршено, мајката Девица ќе се обиде тоа да го поправи, без разлика дали е играчка или скршено срце. Кога се во прашање нејзините деца, таа има високи очекувања и може да биде многу критички настроена, но сепак длабоко ги сака дури и кога ја разочаруваат.
Скорпија
Мајката во овој знак има развиена интуиција и често знае што се случува со нејзиното дете, и тоа пред самото дете да биде свесно што прави. Оваа мајка е верна, искрена и се однесува заштитнички, се’ додека нејзините деца ја зборуваат вистината.
Водолија
На оваа мајка ѝ е важно да биде искрена кон себе. Таа ги учи децата да им помагаат на другите, а исто така ќе ги поттикнува да експериментираат со нови работи. Меѓутоа, нема да има трпение и разбирање за испади на бес или какви било емоционални изливи.
Лав
Мајката Лавица е најдетинеста од сите знаци во Зодијакот. Таа ужива во играње со децата, длабоко во себе многу ги сака, но може да има и нарцисоидни испади, затоа што размислува за своите деца како продолжение на себе.