Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)
Ова ќе биде поволна недела за подмирување на финансиски проблеми поврзани со јавна институција или банка. Очекувајте важен разговор или предлог од финансиска природа. Ќе бидете оптоварени со многу одговорности и задачи и дома и на работното место. Во некои случаи, можеби ќе треба да земете дел од работа да ја завршите дома, затоа што роковите ве притискаат. Радост од успех во образованието или на рабо ќе доживее член од вашето семејство. Ќе има успешно завршување на нешто важно за вас, вклучувајќи поправка или промена во домот. Пари во кеш оваа недела ќе доаѓаат, главно, од машко лице. Може да очекувате добри вести во врска со претстојни приходи, профити и слично.
Водич за мода: Жените-Шкорпија зрачат заводнички дури и во наједноставните парчиња облека. За вас одбравме нешто специјално.
Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела може да бидете одговорни за решавање на финансиски проблеми на некој сакан или пријател. Бидете внимателни и претпазливи, бидејќи веројатноста вие лично да изгубите или да се најдете во тешка ситуација е голема. Избегнувајте ризични или коцкарски активности поврзани со пари. Очекувајте средба, посета дома, или разовори за различни потешкотии и проблеми. Ваша желба е да завршите некои непријатни работи пред почетокот на мај. Оваа недела не предвидува некои посебни настани на работа или во љубовта, во семејството или во јавниот живот. Но, сè што е поврзано со пари, финансиски документи ќе треба да биде под посебен надзор од вас лично. Ќе мора да направите внимателно испитување на деталите од предлозите што ќе ги добиете.
Водич за мода: Без голема фрка, е вашата мантра, но сепак ви се допаѓа да бидете атрактивни. Имаме нешто посебно за вас!
Јарец (22 декември – 20 јануари)
Пред сè, оваа недела внимателно ќе ги следите личните е-меил пораки или документи што ве обврзуваат на некој начин. Очекувајте важни разговори и договори од личен или професионален карактер. Може да почнете да се радувате за развојот на ново лично или професионално познанство. Неочекувана тага поврзана со женско лице. Можно е вие лично да бидете разочарани од неисполнети ветувања или залудна надеж дадени од женско лице. Ќе ви треба време да размислувате за разговор или писмо од лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Важни информации што мора да се рационализираат, оценат и вреднуваат без разлика дали е во ваша корист или не.
Водич за мода: Вие сте сериозни кога е во прашање гардеробата. Барате добар квалитет и, често, дизајнерска етикета. Погледнете што „Штипка“ одбра за вас.
Премини на следната страна >>