NEWSВести

Хорор на плажа во близина на Рим – торнадо направи лом, паника и сцени како од филм (Видео)

Страв и хаос се случи во летниот италијански рај кога силен ветер почна да крева чадори и песок во воздух.

Advertisement

Паника, трчање и слики како од хорор филм го одбележаа неделното попладне во местото Макарезе, мало но популарно летувалиште на северниот брег од Рим, Италија.

Advertisement

Туристи и мештани беа снимени како избезумени трчаат по плажата барајќи засолниште од неочекуваниот природен феномен – торнадо.

Огромни бранови се појавија на крајбрежјето, предизвикани од силен ветер кој ги „збриша“ чадорите, а песокот се креваше високо во воздухот. Пешкири насекаде расфрлени, како и сите останати предмети од плажата кои буквално „летаа“ во воздух.

Мал дел од посетителите, и покрај драмата околу нив, останаа да седат на лежалките, набљудувајќи го хаосот што беснее пред нивните очи.

Според италијанските медиуми, една жена се здобила со полесни повреди и добила медицинска помош по инцидентот. Снимките од настанот, брзо се проширија на социјалните мрежи.

Италијанските власти издадоа предупредувања за силен дожд и умерени до силни ветрови во неколку региони, додека Европа се соочува со низа екстремни временски појави – од шумски пожари и бури до топлотни бранови кои ги оптоваруваат службите за итни случаи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button