HONDA S 2000 CR – За љубители на спортска вожња
Како би им ги земала парите на купувачите, кои инаку ги даваат парите на tuning куќите, Honda уште пред некоја година реши сама да ги тјунира своите престижни roadster-и. Резултатите ќе ви ги покажеме.
Кратенката CR означува ’Club Roadster‘, односно моделот S 2000 на Honda кој во продажба се појави 2008 година. Автомобилот кој и онака беше ’крш‘, беше додатно олеснет, подот отврднат и доработен, каросеријата засилена и појачана и додадени се аеродинамични делови. Наместо платнен кров, поставен е алуминиумски, а доработена е и целата внатрешност.
Моторот е зголемен на 2,2 литри, со зголемување на силата на сериозни 235 КС. Максималната сила се испорачува при високи 6 800 вртежи, а блокадата настапува дури на 280 km/h. И сето тоа за сосема достапни дваесет и две, три илјади евра. Deal of life time!?
Врати се на првата страна.