Холограмска коса – еден од најголемите трендови оваа сезона
Дефинитивно светот ќе ја запамети оваа 2017-та година која изненадува со најголемите модни трендови кога било, особено кога се во прашање фризурите.
Дефинитивно светот ќе ја запамети оваа 2017-та година која изненадува со најголемите модни трендови кога било, особено кога се во прашање фризурите. Овој пат станува збор за холографски тренд во бојадисувањето на косата, а резултатот е неверојатен.
Почна со „холографски“ нокти, а набрзо бојата се прошири и на различни делови на облеката, модните додатоци, а сега и на косата.
Овој тренд потекнува од фризерскиот салон „Ross Michaels“ од Вашингтон, кој прв пат во својата понуда го вклучил и ова необично бојадисување.
Мешањето нијанси на плава, боја на лаванда, розова и плава изгледа неверојатно и од тогаш многу фотографии ги преплавуваат социјалните мрежи.
Судејќи по тоа колку се заинтересирани девојките ширум светот, се чини дека оваа година овој начин на бојадисување на косата ќе биде апсолутен хит.