Новости

Холивуд во шок, на славниот режисер и сопругата им пресуди синот – двете тела избодени, најдени мртви во лускузната вила

Американскиот актер и режисер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер се пронајдени мртви во нивниот дом во елитната населба Брентвуд во Лос Анџелес.

Advertisement

Американскиот актер и режисер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер се пронајдени мртви во нивниот дом во елитната населба Брентвуд во Лос Анџелес, а американските медиуми јавуваат дека постои сомнеж дека станува збор за убиство.

Како што пренесува порталот People, повикувајќи се на повеќе извори блиски до семејството, за убиството наводно е осомничен нивниот 32-годишен син Ник Рајнер, кој во моментов е под полициско испрашување.

Advertisement

Оваа информација засега не е официјално потврдена од полицијата, но People ја објави како ексклузива.

Според претходни информации на NBC News, телата на брачниот пар биле пронајдени со убодни рани, што дополнително ја зајакнува верзијата дека се работи за насилна смрт.

Пожарникарските служби биле повикани во домот во неделата попладне, каде што биле пронајдени двете тела.

принтскрин јутјуб

Полициската управа на Лос Анџелес соопшти дека на терен излегло Одделението за убиства и грабежи, наведувајќи дека случајот се води како „очигледно убиство“, но без да открие повеќе детали за текот на истрагата. Заменик-началникот на полицијата, Ален Хамилтон, изјави дека во овој момент не е официјално идентификуван осомничен, ниту лице од интерес, сè додека не се соберат сите релевантни докази.

Во меѓувреме, вниманието на јавноста повторно е насочено кон животната приказна на Ник Рајнер. Тој во интервју за People во 2016 година отворено зборуваше за својата долгогодишна борба со зависност од дрога, која во еден период довела и до бездомништво. Токму тие искуства, како што тогаш изјави, послужиле како инспирација за полуавтобиографскиот филм Being Charlie, на кој тој беше коавтор.

Роб Рајнер, кој имаше 78 години, останува запаметен како еден од највлијателните холивудски режисери, автор на култни филмови како „Принцезата невеста“, „Кога Хари ја запозна Сали“ и „Неколку добри луѓе“. Неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер имаше 68 години.

Во официјалното соопштение доставено до Variety, семејството наведе:
„Со длабока тага ја соопштуваме трагичната смрт на Мишел и Роб Рајнер. Нашите срца се скршени од овој ненадеен губиток и молиме за приватност во овие исклучително тешки моменти.“

Сочувство изразија, освен познатите личности од филмскиот свет, и бројни американски функционери. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека станува збор за „разорувачка загуба за градот и за целата земја“, додека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, порача дека е „скршен од болка поради трагичната смрт на Роб и Мишел Рајнер“.

Истрагата е во тек, а јавноста очекува повеќе официјални информации во наредните денови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button