Новости

Холивуд во сенка на Балканот: Сегал се поклони пред споменикот на Бата

Advertisement

Познатиот холивудски актер и мајстор на боречки вештини, Стивен Сегал, повторно престојува во Србија, каде што се снима неговиот нов филм „Order of the Dragon“, под режисерска палка на Вјекослав Катушин.

Во паузите од снимањето, Сегал го искористи времето за да ја запознае Србија, посетувајќи повеќе градови и културно-историски локации. Посебно внимание предизвика неговата посета на Сопот, каде што го посети Центарот за култура и положи почит пред споменикот на великанот на српскиот филм, Велимир Бата Живоиновиќ.

Advertisement

Фотографијата на која Сегал позира покрај споменикот беше објавена на Инстаграм страницата посветена на Бата Живоиновиќ, по што следуваа бројни позитивни коментари и реакции од јавноста и обожавателите.

Покрај Сопот, актерот престојувал и во Врњачка Бања, една од најпознатите туристички дестинации во Србија, позната по своите лековити извори и природна убавина.

Снимањето на филмот „Order of the Dragon“ продолжува во Белград, а се очекува проектот да привлече значително внимание како во регионалната, така и во меѓународната филмска јавност.

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velimir Bata Živojinović (@batazivojinovic)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button