Хит снимка од свадба – Анета се фати за микрофонот, БАКШИШОТ почна да пристига од сите страни
Пејачката направи одлична атмосфера
Пејачката се појави и ги воодушеви сите
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска се појави на една свадба и со својот настап ги крена сите гости на нозе.
Највесели секако беа невестата и младоженецот, а тука беше и нејзината пријателка, новинарката Анита Даева.
И кога пејачката се појави со микрофонот, домќинот веднаш ја награди со бакшиш, така што Анета одвај ги држеше парите во рацете, што се гледа и на снимите што се вртат на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Анита Даева
Познато е дека Анета на секој свој настап воодушевува и го дава својот максимум, а овој пат ги изненади сите и со својот стајлинг.
Инстаграм/ Анита Даева
Имено, пејачката за оваа пригода носеше тесен зелен фустан, а целото издание го зачини со високи потпетици и шик фризура.
Во прашање е фустан кој совршено ја истакнува женственоста, притоа визуелно прикривајќи ги недостатоците со кои бројни дами се соочуваат, а кој изгледаше како да беше скроен специјално за пејачката која во него едноставно изгледаше неодоливо.
Инстаграм/ Анита Даева
Потсетуваме, Анета долги години настапуваше заедно со групата „Молика“ во која беше заедно со својот сопруг, Џими Мицевски.
Инстаграм/ Анита Даева
Но по разводот таа продолжи со својата соло кариера, а во изминативе месеци објави и неколку нови песни.
Инстаграм/ Анита Даева
Таа денес важи за една од омилените фолк-пејачки во Македонија, која секогаш знае да направи одлична забава.
Инстаграм/ Анита Даева
Впрочем за тоа зборуваат и овие снимки на кои пејачката со својот извонреден глас никого не остави рамнодушен.