Трендови

Голем камбек на популарните халанки од 80-тите

Advertisement

Нов тренд кој ни доаѓа од улиците на модните метрополи

Advertisement

Модните недели во најпознатите модни метрополи завршија претставувајќи ни ги новите трендови кои наскоро ги очекуваме да се појават и кај нас. Еден од клучните модни трендови кој со нетрпение чекаме да видиме како го носат и нашите девојки се панталоните кои потсетуваат на панталоните-хеланки кои беа популарни во 80-тите години. Станува збор за панталони кои како деца ги мразевме поради нивниот необичен изглед, но кои денес ни се враќаат на голема врата и кои не освоија на прв поглед со својот неодолив изглед.  Тие го имаат оној „чуден“ еластичен додаток кој порано се носеше преку глуждот и стапалото, а денес би можеле да го носите дури и преку салонки, под самите високи потпетици.

Versace

Advertisement

Тие најпрво се појавија на ревиите на познатите модните куќи Balenciaga, Marni и Versace каде манекенките ги носеа токму на овој начин, а денес прекрасни варијанти можете да најдете и кај најпознатите комерцијални брендови H&M, Zara и Mango, како и на полиците на нашиот омилен онлајн бренд, ASOS. Сега останува само да видиме дали овие панталони-хеланки со својот популарен еластичен додаток ќе станат хит и на нашите улици.

ASOS

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button