Веќе со двете нозе зачекоривме во есен. Иако оваа година се наметнуваат и повеќе модели на фустани, дизајнерите и брендовите не заборавија ниту на здолништата. Нив можеме да ги комбинираме со топли плетени џемпери, разни јакни и тренди чизмички, а оваа година ќе носиме здолништа со светли бои и впечатливи приннтови. Еве кои модели ќе бидат најмногу застапени.
Карирани здолништа
Карираното е веќе во тренд, а од тоа не изостануваат ниту здолништата. Изгледа одлично на секоја жена, а и лесно може да се комбинира.
Животински принт
Животинскиот принт ќе го среќаваме на сите здолништа, без разлика од материјалот и текстурата.
Неонски здолништа со точки
Неонскиот тренд веќе постои, а оваа есен ќе бидат популарни и здолништата со точки, кои одлично се комбинираат со џемпери.
Слип здолништа со чипка
Дефинитивно ова е најзаводливиот модел за оваа есен. Освен што дополнително ќе ја зачини секоја дневна комбинација, одличен и за вечерно излегување и тоа во комбинација со кожена јакна.