Ако модата порано ја диктираа познатите модни магазини, денес Инстаграм е тој кој ги поставува новите трендови кои што ги следат сите.
Па така ова лето сме сведоци дека плетенките се едни од најпопуларните фризури и скоро секоја трета девојка на оваа социјална мрежа има барем една фотографија со нив. Тие се безвременски, секогаш популарни, но и практични и оригинални.
Можете да ги направите сами или пак да ви помогне вашата мајка, сестра или другарка. Се прават едноставно, а во нив изгледате посебно. Тоа воедно се и главните причини зошто толку ги сакаме. Па и покрај многуте видови на плетенки, во моментот еден вид посебно се истакна на најпопуларната социјална мрежа, а тоа е превртената (холандска) плетенка исплетена во два реда.
„Превртената“ плетенка е обратна верзија на француската плетенка. Оваа плетенка се прави така што три надворешни прамени се префрлаат преку средишниот дел.
Но за која плетенка и да се одлучите во текот на летните месеци сигурно нема да погрешите, а воедно ќе добиете и добра промена по сите оние пунџи и опашки што ги носевте во последно време. Покрај ова, со оваа фризура не можете, а да не изгледате слатко, модерно и шик. Погледнете!
Па, зарем не е време и вие да направите една ваква фотографија?
види повеќе » |