Диети

Хит диета 14/7: За 14 дена дури 7 килограми помалку!

Advertisement

Овој двонеделен режим на исхрана во комбинација со умерени физички активности, како лесна прошетка, ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.

Advertisement

Авторите на оваа диета која се заснова на исхраната на Далекиот исток велат дека во текот на диетата нема да чувствувате голема глад, а ќе постигнете одлични резултати, доколки се придржувате на планот.

Диетата се држи 2 недели. Оброците се осмислени така што за овие 2 недели можете да изгубите и до 7 килограми. Се препорачуваат умерени прошетки кои ќе придонесат за зацврстување на вашето тело.

Диетата се состои од два циклуса, односно по одреден период деновите се повторуваат (како што е дадено во распоредот подолу). Првите 2-3 дена се малку потешки, но потоа се навикнувате на овој начин на исхрана и килограмите брзо се губат. 

Advertisement

Нутриционистите ја препорачуваат оваа диета бидејќи се заснова на начинот на исхрана на Далечниот исток, а општо познато е дека луѓето од овој дел на светот, посебно од Јапонија, имаат најскладни тела и немаат проблеми со вишок на килограми првенствено поради умерената и здрава исхрана, богата со витамини и минерали.

План за исхрана

Први и тринаесети ден

Појадок: кафе без шеќер
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол
Вечера: риба на скара или варена

Втор и единаесетти ден

Појадок: кафе без шеќер, парче црн леб
Ручек: една голема печена тиквичка, јаболка
Вечера: 200 гр. варено говедско месо, чаша јогурт

Трети и осми ден

Појадок: кафе без шеќер, парче двопек од црн леб
Ручек: риба на скара или варена, салата од зелка или зеленчук по избор со растително масло
Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 гр. варено говедско месо, салата од свежа зелка со растително масло

Четврти и деветти ден

Појадок: кафе без шеќер
Ручек: 1 ровко варено јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 гр. тврд кашкавал
Вечера: овошје по избор

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement
New Ad
Back to top button