Бојата на ќерамидите или едноставно валканата црвена нијанса е најпопуларната боја за вториот дел од летото.
Познатите дизајнери и хај-стрит брендови креираа фустани, еспадрили, чанти и останати парчиња во оваа популарна боја која е лесна за комбинирање и супер за високи температури.
Оваа боја о својата понуда ја имаат сите поголеми модни куќи. Thomas Maier, Balenciaga, Chloé и Valentino имаат одлични фустани во различни нијанси на загасито црвена, додека Викторија Бекам повеќе преферира загасито портокалова кај своите здолниште и панталони. На полиците во продавниците на Chloé и The Row ќе сретнете неодолива понуда на чевли, додека кај најдобрите чанти се кријат во излозите на брендот A.P.C.
Погледнете како оваа боја ја носат познатите трендсетерки …