Херојот од Кочани блесна за матурата – бутик од Велес го дотера Јован Костадинов (Фото)

Од херој до матурант со стил: Јован Костадинов, момчето кое во стравичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, го спаси животот на повеќе од 20 млади луѓе, заблеска за својата матура – облечен со љубов, внимание и благодарност од бутик од Велес.
Младиот херој од Виница, познат по својата храброст, скромност и воспитаност, доби специјален матурски стајлинг, подарок од Голден Гарден.
„Како што ветивме, со огромна чест и гордост му овозможивме на Јован да се почувствува посебно – затоа што тоа го заслужува со сето свое срце и дело“ – велат од бутикот.
„Денес нашиот бренд имаше чест да го удостои Јован Костадинов – момчето кое во момент на паника, чад и оган, не се поколеба, туку делуваше решително и хумано, спасувајќи животи. Ветивме дека ќе го поддржиме, и тоа денес и го направивме – со целосен матурски стајлинг и многу љубов. Јован, ти благодариме од срце што ни го разубави денот, ти ја честитаме матурата и ти посакуваме уште поголеми успеси во образованието и животот. Со среќа, храбро момче – ние сме тука за тебе секогаш!“ – се вели во објавата од бутикот.

За матурската, Јован е дотеран во елегантен трендовски машки костум во нежна пастелна нијанса, со пеперутка-вратоврска. Изгледот го надополни во младешки стил, со бели патики.