Тие не се соодветни за на работа и нивното носење во деловни пригоди се толерира само во зимските месеци, но кога температурата ќе падне дебело под нулата и само (!) кога се „сокриени“ под здолништа, фустани и високи чизми.
Тие се прифатливо парче за сите видови на спортски случувања односно кога имате физички активност. Тие се потполно соодветни за оваа намена.
Никогаш, во никоја смисла не треба да се носат во замена на панталони бидејќи тие едноставно НЕ можат да ги заменат панталоните. Тие се сродни со хулахопките, а досега не сме виделе никоја од нас да се шета во нив на улица (колку ова и да звучи разочарувачки за некои претставници на посилниот пол, нели?).
Најголема модна грешка се смета кога се носат хеланки во дневна пригода во комбинација со танга. Интимата сепак треба да остане интима, а интимните делови од телото да бидат заштитени од љубопитните погледи.
Носење хеланки во свечени пригоди е строго забрането!
Секако дека овие правила многу жени постојано ги кршат (токму таква сретнавме пред да го напишеме овој текст!), а во галеријата во продолжение погледнете ги ситуациите во кои славните дами носат хеланки.