Хармоникашот Мишел Трајковски со трогателна порака за Андреј од ДНК

Познатите се уште се простуваат со нивниот колега, пријател, другар Андреј Ѓорѓиевски од ДНК. Болката за прерано загубениот живот на овој човек ќе остане длабока лузна за многумина.

Хармоникашот Мишел Трајковски на својот инстаграм порофил објави порака дека цела недела се обидувал да напише порака за последен поздрав, но ја бришел и како што вели го фрлал телефонот во ќош. За одново следниот ден повторно да се обиде да срочи мисли за да се поздрави со неговиот соработник и другар. Најпосле смогнал сили и неговата објава гласи вака:
Најтешкaта и најдолга инстаграм објава… трае
шести ден.. стани сабајле, напиши нешто… предомисли се, прикачи слика, натажи се….
па фрли телефонот во некој ќош… и така во круг цела недела.
Два дена пред тој кобен ден, ете го на телефон..
Насмеан, позитивен, во негов стил со полна енергија ме викна да се видиме за настанот на кој требаше заедно да настапиме сега во април.
Од секогаш се прашував, како е можно таков артист како него, и после 20 и кусур години на сцена да е толку возбуден и неизмерно среќен пред секој настап, да и се радува на секоја нова песна како да е прва.
Но затоа беа, и ќе останат на врвот уште долго.
Беше еден од ретките со кого можев да анализирам композиции од репертоарот на Шабан Бајрамовиќ, па до Пако де Лусиа, од Ричард Галиано па се до Бени Гудман и Џанго Рајнхард.
Особено ја обожаваше хармониката и уживаше во секоја отсвирена нота.
Почивај во мир… А свирката ќе ја оставиме за некоја наредна прилика..рекламаБог да ги прости сите кои трагично го загубија својот живот….. ќе жалиме уште долго.
А ти Македонијо! Освести се
Право на грешки повеќе немаме!
View this post on Instagram
Марpкетинг
Андреј почина на 43 години во катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани.