Хармоникашот Горан Алачки сподели тажна вест – „Спомените ќе останат. Почивај во мир Бади“
Пријателите и колегите се збогуваат од Бади

Почина пејачката Бади Бекир, а нејзините пријатели и познаници се збогуваат од неа на социјалните мрежи.
Многумина од оние што ја познаваа скршени од болка ја споделија тажната вест која денес ја потресе нашата музичка сцена.
Познатиот хармоникаш Горан Алачки сподели и кога ќе биде погребот на Бади, пејачката која своите почетоци на нашата музичка сцена ги прави во средината на 80-тите години од минатиот век.
„Погребот на Бади Бекир е утре ..Петок во Џамијата во Бутел…12.00. Почивај во мир Бади… Спомените ќе останат…,“ нашиша Алачки на својот Фејсбук профил.
Таа во 2004 стана една од Грациите, а по две години, во 2006, прослави две децении музичка кариера.
„За жал, тажна вест… Ја видов пред не знам колку месеци, се вратив и не можев да верувам. Таа работеше во својот дуќан во трговскиот во Бутел. Ја прашав: Вие сте Бади Бекир, пејачката. Ми се насмеа и ми рече: Да, таа сум, само што веќе одамна се повлеков. Нека и е вечна слава“, напиша за Бади на Фејсбук новинарот Иван Јосимовски од „Музика 24“.

Принтскрин/ Фејсбук
Нејзините пријатели и колеги се збогуваат со неа на социјалните мрежи, оставајќи ги своите тажни и емотивни пораки.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



