Наши ѕвезди

Харис Џиновиќ заедно со Мики Секуловски ги збудалија беровчани – цела Малешевија на едно место

Пејачите направија „попис“ во Малешевијата – град од 6000 жители имаше преку 18.000 гости

Advertisement

Вистински спектакл за Малешевци

Познатиот фолк-пејач, Харис Џиновиќ, направи концерт за паметење во Берово за кој пишуваа и медиумите од соседството.

Advertisement

Како што пренесува српскиот портал „Еспресо“, Џиновиќ во град во кој живеат 6500 луѓе, успеал да собере 18.000 посетители.

Инстаграм

Според изјави на организаторите на настанот, а како што пренесува порталот, ваков настан досега во Берово не се случил.

Advertisement

Сите биле расположени и весели, а Џиновиќ со своите најголеми хитови ја забавувал публиката и им ја разубавил вечерта.

Инстаграм

Овој негов настап, пишуваат тамошните медиуми, само докажал колку овој пејач и денес е сакан и ценет и во Македонија, па така руши рекорди по посетеност и ги поврзува сите генерации.

Инстаграм

Инаку, станува збор за „Етно фестивал“ кој и оваа година беше успешно организиран од општината на овој град.

Инстаграм

Покрај Харис Џиновиќ кој беше ѕвезда на вечерта и кој настапи во саботата, истата вечер настапи и македонската „Гранд“ ѕвезда Мики Секуловски, а вечерта заврши со електронска музика.

Модератор на настанот беше познатата водителка Јелена Спенџарска која по потекло е од Берово.

Фестивалот започна во четвртокот со саем на традиционални малешевски производи, по што беше настапот на културните уметнички друштва, Игор Димовски и Пауза за ракија. И оваа вечер заврши со електронска музика, односно ди-џеј Robble Ray, а следниот ден главни ѕвезди беа Андријана Петрушовска и „Амадеус бенд“.

Како изгледаше и настапот на Петрушовска, ѕирнете тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button