Наши ѕвезди

Харис Џиновиќ во Кавадарци пеел од љубов, за ич пари?! Необични информации кружат на интернетот

Ова ги изненади сите, а најмногу кавадарчани

Advertisement

Харис Џиновиќ направи одлична забава

Познатиот фолк-пејач Харис Џиновиќ беше една од главните ѕвезди на „Тиквешкиот гроздобер“ оваа година.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите од регионот, на неговиот концерт во нашиот град на виното имало преку 50.000 луѓе во публиката, така што цела вечер владеела одлична атмосфера.

Принтскрин/ Јутуб, РТС

Тој овој пат ги изведе своите најпознати песни од почетокот на кариерата, па се до најновите хитови, а публиката цела вечер пееше заедно со него.

Advertisement

Ова може да се види и од бројните објави од концертот што завршија на социјалните мрежи, а истата вечер настапи и Марија Шерифовиќ, поранешната победничка на Евровизија од Србија.

Инстаграм/ Харис Џиновиќ

Со ова „Тиквешки гроздобер“ покажа уште еднаш дека заслужува да биде една од најзначајните манифестации на целиот Балкан, но и дека нашиот народ знае да се забавува и да се весели со добра музика.

Интересна е и информацијата дека Харис, наводно, самиот изразил желба да дојде во Кавадарци и да биде дел од Тиквешкиот гроздобер, и тоа бесплатно. Оваа вест беше објавена на сајтот Викимедија, а потоа пренесена уште од неколку наши медиуми, а во неа пишуваше дека познатиот фолк-пејач гостувал без хонорар во Македонија затоа што многу го сака Кавадарци.

Инстаграм/ Харис Џиновиќ

Како што објави овој медиум, на Харис наводно, премногу му се допаѓала оваа манифестација, па оваа година решил да го почести градот и бесплатно да се појави на концертот.

Принтскрин/ Фејсбук, Тиквешки гроздобер

Инаку, ова беше трето гостување на Џиновиќ на гроздоберот, но за прв пат тоа го направи од мерак, а не за пари, вели овој портал.

Инстаграм/ Харис Џиновиќ

Истата вечер настапи и Шерифовиќ, а колку и таа беше воодушевена од манифестацијата, погледнете тука.

Инстаграм/ Харис Џиновиќ

Потсетуваме, Тиквешкиот гроздобер оваа година предизвика буре од реакции посебно откако нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски јавно го критикуваше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, дека оваа година како главна ѕвезда нема ниту еден наш пејач.

Инстаграм/ Харис Џиновиќ

Тој ја спореди манифестацијата со Рошдиљијада, по што градоначалникот веднаш реагираше, а потоа следуваше и одговор од Сиљаноски.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button